This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English Serbian
Aco Shopov: përkthime nga gjuhë të tjera
Translation in progress
Во оваа одаја на Лирскиот дом на Ацо Шопов можете да прочитате избор од негови препеви на јужнословенски и светски класици.
- Едмон Ростан
- Пјер Корнеј
- Мирослав Крлежа
- Вилијам Шекспир
- Изет Сарајлиќ
- Драгутин Тадијановиќ
- Леополд Седар Сенгор
Од 1949 до 1976 год., Шопов има преведено дела на Отон Жупанчич (Цицибан), Едуард Баргицки (Песна за Апанаса), Иван Крилов (Басни), Јован Јовановиќ-Змај (Песни), Густав Крклец (Телеграфски басни), Едмон Ростан (Сирано де Бержерак), Никола Јонков Вапцаров (Песни), Пјер Корнеј (Сид), Григор Витез (Песна на чучулигата), Вилијам Шекспир (Хамлет принцот дански и 60 сонети), Мирослав Крлежа (Избор), Григор Витез (Морето и боите), Изет Сарајлиќ (Поезија), Драгутин Тадијановиќ (Вечер над градот) и Леополд Седар Сенгор (Поезија).
Ацо Шопов прв ги превел на македонски и приказнте на Шарл Перо Вили, Пепелашка, Убавица во магепсана шума, Русобрадиот, Рике со перче, Палче, Црвенкапа, Мачор в чизми, Магарешка кожа, во колекција од 12 бајки во кои се вбројуваат и Златокосата, Сината птица и Убавица и ѕвер.
Во превод на Ацо Шопов е и претставата за деца Операта Три за грош или тие чудни приказни за чудното куче Гаврило од Јован Максимовиќ (Београд, мај 1960). Оригиналните автографи и машинописи на преводот се наоѓаат во Архивот на МАНУ (Фонд Ацо Шопов, кутија IV, бр 118),
Комплетната библиографија на Ацо Шопов е достапна