This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Slovenian Croatian Bosnian Albanian Bulgarian Italian
Се наоѓате во Лирскиот дом на Ацо Шопов, интернетски повеќејазичен портал којшто нуди панорама во зборови и слики на животот и делото на македонскиот поет.
Идејатата за овој вид виртуален и динамичен музеј (неговиот план е достапен тука) се роди во 2012 година кога се објави двојазичниот избор од неговата поезија на француски и германси јазик под наслов Soleil noir/Schwarze Sonne. Иницијативата дојде од Ролан Кајзер и Јасмина Шопова. Ролан Кајзер е директор на издавачката куќа PHI од Луксамбург, на која ѝ го должиме техничкото обликување на порталот. За неговата содржина се грижи ќерката на поетот, Јасмина Шопова, толкувач и преведувач на неговата поезија.
Ацо Шопов, роден во Штип во 1923 е еден од основоположниците на современата македонска поезија, кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југо-источна Европа во 20-от век. По долгогодишно боледување, тој почина во Скопје, 1982. Овој интернетски портал е виртуелниот дом во чии простории продолжува да живее неговото дело.
Oбјавениот архивски материјал во Лирскиот дом на Ацо Шопов доаѓа од личните фондови на Светлана Шопова, сопруга, Владимир Шопов (1948-2000), син на поетот, и „Фондот Ацо Шопов” во Архивот Харалампие Поленаковиќ на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Му благодариме на Архивот што ни овозможи да ги дигитализираме и објавиме.
Ѝ благодариме исто така на Македонската радиотелевизија (МРТ) којашто, за потребите на овој портал, дигитализираше голем број емисии посветени на Шопов и на тој начин значително ја збогати колекцијата на Видеотеката на неговиот Лирски дом.
Благодарност и’ изразуваме и на Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”, од Скопје, која ни стави на располагање голем број исцрпени изданија чиишто корици се сега достапни во Библиотеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов.
Благодарност упатуваме и до Министерството за Култура на Република Македонија коешто во 2016 год. го финансираше поголемиот дел од преводите на англиски и на руски јазик на овој интернетски портал.
Лирскиот дом на Ацо Шопов беше промовиран на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, на 8 октомври 2014 год. Повеќе информаци за промоцијата ќе најдете тука, како и во репортажата на Неда Бакевска за ТВ Телма. Реакции во медиумите: Daily.mk и Time.mk