This post is also available in: French Spanish German Russian English Albanian

Фондацијата Ацо Шопов – Поезија има за цел да го негува и промовира творештвото Ацо Шопов и да го возобновува интересот за македонската поезија и култура, особено кај младата публика во земјата и надвор до неа. Фондацијата се стреми да влијае и придонесува во афирмацијата на македонското културно наследство, на национален и на меѓународен план, преку примерот на Ацо Шопов.

Преку својата веб-страница, Лирскиот дом на Ацо Шопов, Фондацијата им дава на располагање на истражувачите и на студентите голем број на документи, бесплатно достапни на различни јазици, со цел да го олесни научното истражување во областа на македонската поезија .

Со поддржување на проекти во кои се вклучени поети, преведувачи, издавачи и други културни дејци, Фондацијата има намера да ја зајакне меѓународата соработка особено на младите креатори од различни гранки на уметноста.