Неколку клучни моменти во „2023, Година во чест на Ацо Шопов” 

23-28 јануари: Трета зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во чест на Шопов. − Скопје

21 март: Целодневно чествување на Ацо Шопов во УНЕСКО. Во програмата: „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја – меѓународен колоквиум во чест на Ацо Шопов”, со учесници од 14 земји; „Долго доаѓање на огнот”, поетски перформанс; и изложба „Ацо Шопов: Слики од еден живот” (банери) − Седиште на УНЕСКО, Париз

3-9 јули: „Во пет и седумнаесет”, мултимедијална уметничка изложба инспирирана од истоимениот текст на Шопов и неговите песни напишани по Скопскиот земјотрес кој на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, им го одзеде животот на илјада луѓе, повреди илјадници жители и остави без дом сто илјади души, односно половината од тогашното население на градот. − Скопје

10-13 август: Омаж на Шопов на отворањето на третото издание на Филмскиот фестивал Флипбук, годишна меѓународна средба на автори на краткометражни авторски анимирани филмови, со прикажување на омнибусот „Небиднина” − четири анимирани филмови инспирирани од негови песни  −  и промоција на истоимената уметничка книга, која содржи избор на скици и цртежи на анимациите, како и ракописи и фотографии на поетот. − Скопје

17-31 август: Предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје. − Охрид

24-27 август: Меѓународно чествување на Шопов на Струшките вечери на поезијата со промоција на новите избори од неговата поезија на  англиски (Дип Велум, Далас), арапски (Куќа на поезијата, Керуан), македонски (Сигмапрес, Скопје) и полски (Университас, Краков). − Струга

1-4 септември: Сесии посветени на Шопов во рамките на 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. − Охрид

21 септември: Промоција на книгите Ацо Шопов: Песна над песните, избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал, (Сигмапрес, Скопје) и Од онаа страна на небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов (Дијалог, Скопје). − Скопје

7 декември: Свечен собир на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) посветен на стогодишнината од раѓањето на Шопов, проследен со промоција на публикации на и за неговото дело, издадени од МАНУ во текот на годината.− Скопје

23 декември: Гала претстава во Националната Опера и Балет, со премиерна изведба на балетот „Молитви на моето тело”, нова креација на Александар Ношпал инспирирана од истоимениот поетски циклус на Ацо Шопов. Свечено затварање на „2023, Година во чест на Ацо Шопов”. − Скопје