This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Albanian

Ацо Шопов: Преводи и препеви на македонски

Ацо Шопов, во својата работна соба на ул. 29 Ноември, Скопје, работи на преводот на Сирано де Бержерак, 1957 год. © Ацо Шопов - Поезија

Ацо Шопов, во својата работна соба на ул. 29 Ноември, Скопје, работи на преводот на Сирано де Бержерак, 1957 год. © Ацо Шопов – Поезија

Во оваа одаја од Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов можете да прочитате избор од негови препеви на југословенски и светски класици. Податоци за објавените книги се наоѓаат во Библиотеката, оддел „Преведени автори”.

work in progress

Од 1949 до 1976 год., Шопов има преведено дела на:

  • Отон Жупанчич: Цицибан
  • Едуард Баргицки: Песна за Апанаса (во соработка со Славко Јаневски)
  • Иван Крилов: Басни
  • Јован Јовановиќ-Змај: Песни
  • Густав Крклец: Телеграфски басни
  • Едмон Ростан: Сирано де Бержерак
  • Никола Јонков Вапцаров: Песни
  • Пјер Корнеј: Сид
  • Григор Витез: Песна на чучулигата
  • Вилијам Шекспир:
  • Мирослав Крлежа: Избор
  • Григор Витез: Морето и боите
  • Изет Сарајлиќ: Поезија
  • Драгутин Тадијановиќ: Вечер над градот
  • Леополд Седар Сенгор: Поезија

Ацо Шопов прв ги превел на македонски и приказните на Шарл Перо Вили, Пепелашка, Убавица во магепсана шума, Русобрадиот, Рике со перче, Палче, Црвенкапа, Мачор в чизми,  Магарешка кожа, во колекција од 12 бајки во кои се вбројуваат и Златокосата, Сината птица и Убавица и ѕвер.

Во превод на Ацо Шопов е и претставата за деца Операта Три за грош или тие чудни приказни за чудното куче Гаврило од Јован Максимовиќ (Београд, мај 1960). Оригиналните автографи и машинописи на преводот се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ (АШ К4 АЕ118).

Во Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов се достапни и огледи, критики и толкувања на неговото творештво, како и избор од неговите