This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English

Аco Shopov: Vjersha (Песни), 1944

Translation in progress

1944 Песни (2014)

Ацо Шопов: Песни, 1944. Пристап кон содржината на Книгата

„Оваа книгичка брои сè на сè триесет страници на кои се распослани вкупно девет песни. Тоа се песни изникнати во времето на партизанствувањето на Ацо Шопов кој од есента 1943 активно се борел, прво во Шарскиот одред, а потоа во редовите на Третата македонска ударна бригада. Во таа 1943 година Ацо Шопов е дваесетгодишно момче кое претходната година ја има загубено мајка си по нејзиното долгогодишно боледување, а веќе следната година останува и без татко, кој според неговите сопствени исповеди никогаш и немал голема улога во неговото детство и момчештво”, вели Соња Стојменска-Елзесер, осврнувајќи се кон литературно-историските аспекти на Песни, во рамките на промоција на збирката во Друштвото на писателите на Македонија, на 7 октомври 2014 год.

Станува збор за триесет страници поезија што се вбројуваат меѓу првите страници на македонската современа национална историја и литература. Тие сведочат за едно време во кое, според  зборовите на Шопов, „борбата (…) беше единствена можност да се најде смисла на животот, единствен начин да се сочува младоста, поточно да се даде младост на младоста“ (Млад Борец, 1973).

„Оваа мала книга содржи скапоцен материјал во кирилична азбука, што ќе отвори нови хоризонти во поетскиот и литературен израз на македонски јазик“, пишува мексиканската поетеса Аурора Марија Сааведра четириесеттина години по објавувањето на збирката. „Тоа се песни што поетот партизан ги напишал среде ужасите на војната, меѓу реките крв што се течеле при битките на антифашистичките сили. Обоен со горчливи спомени и тага по изгубените, лирскиот патос на младиот борец ќе ја обележи оваа прва фаза од творештвото на поетот, исто како и следните, суптилно врзан за најдлабокото во него.”

Еве како се родила збирката Песни, првата книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија.

Во октомври 1944 год., Околиски НОМСМ Куманово ги умножува песните на шапирограф и испраќа примероци до македонската редакција на „Млад Борец“ којашто се наоѓа во Горно Врановци, близу до Велес, „во една просторија, како мудбак, во дворот на муслиманска куќа“, според сеќавањата на Блаже Конески (Современост, бр. 4, 1983 год., стр. 68).

Во тоа време, српската партизанка Брана Перовиќ е инструктор во Главниот одбор на НОМСМ, и таа ги носи песните во Белград, кајшто „Млад Борец“ ги печати во книга. Делегацијата на антифашистичката младина на Србија на Вториот Конгрес на Народно-ослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ) ги донесува печатените примероци во Скопје и ги подарува на  учесниците на  конгресот, на кој Ацо Шопов учевствува во својство на потпретседател на Главниот одбор на НОМСМ.

На 7 октомври 2014 год., Друштвото на писателите на Македонија ја одбележа седумдесетгодишнината од објавувањето на Песни со промоција на збирката во фототипско издание на Сигмапрес, од кое сите присутни добија на подарок по еден примерок, во знак на сеќавање на историскиот момент од 1944 година. Истото ‘и беше подарено и на публиката присутна на промоцијата на Лирскиот дом на Ацо Шопов на Филолошкот Факултет “Блаже Конески” во Скопје, на 8 октомври 2014 год.

Пристап кон содржината на книгата

evenement_nouveauИнформации за настаните во октомври 2014 год.