Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот: Песните-живот, 1993

Aco Šopov : Ciel de silence, 1990. Édité par Svetlana Šopova.

По повод 70-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, неговата сопруга Светлана објави избор од неговата поезија.

Во предговорот кон оваа книга од 78 страни, што ја издаде  во 1993 година Либер-М од Скопје, таа се присеќава на нивната средба, на раѓањето на нивната љубов и споделува со читателите спомени за раѓањето на одделни песни застапени во изборот.

„Убав знак е ова, добра најава која не само што треба да се одбележи, туку и најсрдечно да се поздрави и поддржи”, вели Анте Поповски во промотивната беседа за оваа книга. „Нашата културна, па во рамките на ова и нашата книжевна традиција, се мошне скромни во оваа намисла. Нештата што се случуваат во домот и во односите меѓу пријателите − се детали од исклучително значење што имаат своја функција во појаснувањето на многу што во творечкиот чин, во гневот и во поривот на авторот, во неговите јавни надежи и скриени страдања.”

Содржина