This post is also available in: French Spanish German Russian English Serbian Croatian Bosnian Albanian Bulgarian Czech

Трета молитва на моето тело

Слика од Кирил Ефремов (1974 год.) инспирирана од песната на Ацо Шопов “Трета молитва на моето тело”.

Што си : девојка, жена, мајка? Што си
ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
телото мое молитвено што клечи.
Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
Што си : девојка, жена, мајка, што си?

Што си ти застаната со спокој темен
пред ова тело чиј глас со виј го гони
ветрот што лута под тајни небосклони,
чиј глас е жед и виј на вијот земен.
Што си ти застаната со спокој темен?

Што си ти : девојка, жена, мајка,
ти – скаменета пред влезот на овој храм
со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
па ова тело возвишено го крена.
Што си ти : девојка, мајка, жена?

Ацо ШоповНебиднина, 1963
Песната е објавена на српско-хрватски во Антологијата на повоената македонска поезија на Димитар Митрев, во 1960 год.