This post is also available in: French Spanish German

Ноќ над езерото крај манастирот

Езерото секна, истече со видот.
Водата се врати во фреска на ѕидот.

Лежиме во дното на котлина празна.
Ти си сè што имам: награда и казна.

Расцутува ноќта како црно лале.
Ти личиш на црква сред карпи, на кале.

Па ги гледам само двете твои ѕвона,
две школки во мрежа, два кошмарни сона.

Како црно лале цути ноќта црна.
На врв бели ѕвона две бакарни зрна.

Sвони, ѕвони, ѕвони, со подземен рев.
Фатени сме, песно, во првиот грев.

Истечува огнот, истечува видот.
Скаменета везба во фреска на ѕидот.

Ацо Шопов, Гледач во пепелта, 1970
Песната е претходно објавена во Раѓање на зборот, 1966 и Златен круг на времето, 1969