This post is also available in: French Spanish German Russian English
Педесетти години на 20 век
Во оваа просторија на Лирскиот дом на Ацо Шопов (1923-1982) живеат спомени од триесетгодишниот Ацо, „поетот на тишината”. Тогаш ги објавува збирките Стихови за маката и радоста, Слеј се со тишината и Ветрот носи убаво време, во кои ни остави незаборавни песни, меѓу кои „Во тишина”, „Кога ти е најтешко”, „Ветрот носи убаво време”, „Треба да бидеме подобри”, „Бела тага на изворот”.
Во тоа време, Ацо Шопов е уредник во списанијата Млад борец, Нов ден, Иднина, Хоризонт, Современост… И ги препејува Едуард Баргицки, Григор Витез, Јован Јовановиќ Змај,Иван Крилов, Густав Крклец, Отон Жупанчич и Едмон Ростан, а преведува и Колекција од 12 бајки од француски автори.
Work in progress
1950
Станува одговорен уредник на Иднина, младинско списание за литература и уметност.
Ја објавува статијата „Зошто не се употребува буквата ѕ?” во Македонски јазик : билтен на Катедрата за јужнословенски јазици при Филозофскиот факултет во Скопје, год. 1, бр. 4, стр. 92-93.
1951
Станува прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“(преименувана во Македонска книга во 1967 год.)
Ја објавува песната „Мечтаење крај брегот на езерото” во Современост, год. 1, бр. 5, стр. 21-22
1954 – Ги објавува песните „Лов на езеро“, „Во тишина“ и „Младост“, во Современост, стр 834−835.
1956 – Станува прв одговорен уредник на списанието Хоризонт.
1959 – Коавтор, со босанскиот поет Мак Диздар, на Југословенска револуционерна поезија, Кочо Рацин, Скопје, 1959. Предговор: Георги Старделов. (Прочитајте го текстот Еден повод и една причина)
Назад кон појдовната точка на творечкиот пат на Ацо Шопов
За поподробни информации, кликнете на вињетите. Фотографиите можат да бидат преземени и објавени со задолжителен копирајт: © Ацо Шопов – Поезија