Сирано де Бержерак во македонски препев на Ацо Шопов

work in progress

Сирано де Бержерак / Едмон Ростан. Скопје: Кочо Рацин, 1957. 393 стр.

Сирано де Бержерак во превод на Ацо Шоповсо право може да се смета во редот на најубавото што е преведено кај нас”, пишува мекдонскиот театролог Иван Ивановски.

Паскал Гилевски: Една од главните вредности на оригиналот, што е и основна формална вредност на францускиот класицизам (кај Корнеј, Расин, Молиер итн.), римата, Шопов исто така ќе ја земе како суштествена состојка и во таа смисла ќе постигне такви сјајни резултати, што означуваат вистински триумф на македонската версификација. Само за употребата на римата во овој препев може да се напише еден цел голем есеј. Но, римата сама по себе не би го постигнала таквиот впечатлив ефект, ако Шопов не ја ставеше на вистинското место и во вистинското ритмичко единство. Големата вредност и оригиналност на Шопов е, меѓу другото, дека на основниот александриски стих на оригиналот, познатиот дванаестерец, со природниот јамб што го овозможува францускиот јазик, му вдахновува македонски дух, суптилно и елегантно го варира, со повремена употреба на други метрички стапки, особено на трохеј, што е најблизок до нашиот јазик, но и на дактил, амфибрах итн.