This post is also available in: Albanian

Ацо Шопов: Со наши раце, Скопје, Државно книгоиздателство на Македонија, 1950

Ацо Шопов: Со наши раце, 1950

Ацо Шопов: Со наши раце, 1950. Пристап кон содржината на книгата

„Социјална лирика од исповеден вид” – со овие зборови литературниот критичар Георги Старделов (1930-2021) ја дефинира оваа збирка, за која смета дека е „некој вид рекапитулација” на изминатиот творечки пат на Ацо Шопов од 1945 до 1950 година. Во секоја од единаесетте песни, меѓу кои фигурира и “Очи” (која за првпат се појавува во една збирка од Шопов, а претходно била објавена во списанието Нов ден, бр. 1−2, 1946 и во колективната збирка Песни, 1946), „ce чувствува настапот на идниот голем лиричар”, „иако cè уште нема радикален пресврт во поетската тема и инспирација”, тврди Старделов, во текстот „Првата деценија од поетското творештво на Ацо Шопов”.

„Во збирката Со наши раце, Шопов има внесено две песни oд поетскиот првенец Песни, ІІ: „Љубов“ (стр. 7−9) и „Пробиштип“ (стр. 19−22), покажувајќи на тој начин дека е задоволен со нив во презентирањето на сопствените творечки достигања”, забележува Радомир Ивановиќ во „Поетскиот првенец на Ацо Шопов и проблемот на генерирање на литературниот текст”, во 1987 година.

Книгата е објавена во април 1950., во 5000 примероци. Корицата е од Василије Поповиќ-Цицо. Уредник: Ѓорѓи Милошев.

Пристап кон содржината на книгата

EBOOK Со наши раце