This post is also available in: French Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Предвечерје (Квечерина)

Предвечерје. Избор, превод и препјев Сретен Перовиќ. Титоград: Графички завод, 1966. 115 стр.Избор, превод и препјев Сретен Перовиќ. Титоград: Графички завод, 1966. 115 стр.

„Со своите значајни текови, лириката на Ацо Шопов метафорично ја следи и релјефно ја симболизира историската судбина на македонскиот народ. Само ретки поети, особено лиричарите, и тоа во исклучителни општествено-историски услови, во рамките на националната литература, успеваат да остварат така сложена и специфична, превосходно драмска задача. Повоениот раст на Македонија и на нејзиниот човек во макотрпно дочеканата, низ векови стрпливо сонуваната и во најинтимните длабочини бранета и одбранета слобода, во поезијата на еден од нејзините најавтентични и истовремено најуниверзални творци − посредно доби есенцијален израз и особено значење”, пишува во својот поговор приредувачот на изборот од поезијата на Шопов и автор на препевот на српскохрватски јазик, црногорскиот писател Сретен Перовиќ.

За неговиот препев, Миодраг Друговац ќе каже дека тој „се извиши до рамништето на изворната убавина на поезијата на Ацо Шопов”, додека Мирко Милорадовић и Милосав Мирковиќ изразуваат резерви.

Предвечерје е прва книга на Шопов препеана на срскохрватски јазик. Подоцна ќе бидат објавени Песме = Песни, во избор и со предговор на Георги Старделов (Белград, Народна книга, 1976), Dugo dolaženje ognja. Izabrane pesme во избор на Тодор Чаловски и со поговор на Сретен Перовиќ (Белград, Рад: Реч и мисао, 1977),  Пјесме во избор и со предговор на Изет Муратспахиќ (Сарајево: Веселин Маслеша, 1984) — сите три во препев на Сретен Перовиќ, како и Pjesma crne žene во препев на Елина Елимова, со поговор од Миливоје Марковиќ (Загреб, Аугуст Цесарец, 1977) и Црној жени y сан, во избр и препев на Драгица Спасовска (Белград, Сфаирос, 1990).

Огледи и критики за збирката Предвечерје: