This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Ацо Шопов: Пјесме, Сарајево, Веселин Маслеша, 1984

Пјесме. Превео и препјевао Сретен Перовић; изабрао и приредио Изет Муратспахиќ. Сарајево: Веселин Маслеша, 1984. 175 стр.„Во своите поетски патувања, Ацо Шопов никогаш не тргнуваше по веќе разгазени патишта, ниту пак дозволуваше граниици и прегради да го попречуваат движењето на неговите мисли”, пишува во предговорот авторот на изборот и уредникот Изет Муратспахиќ. „Неговата песна секогаш бараше нови попришта, нови извори од кои црпеше секогаш поживотворни сокови за да заблесне со нов сјај. Во потрагата по свежо руво за својот стих, тој почесто газеше по грмушки и трње отколку по широките патишта и раскрчените патеки на испробаните и проверени поетски концепти. Затоа неговото име е едно од најсјајните во повоената македонска литература, а неговите текстови се скапоцености во корпусот на македонската поезија”.

Книгата содржи и избор од критиките на творештвото на Шопов, белешка за писателот и користена литература.

Превел и препеал Сретен Перовиќ. Избрал и приредил Изет Муратспахиќ. Сарајево: Веселин Маслеша, 1984. 175 стр. Печатено во Штампарија Будућност, Нови Сад. Тираж 5000 примероци.

Содржината на кнгата се наоѓа во српскохрватската верзија на оваа страница.