Дрво на ридот * 

Ефтим Клетников, македонски писател

Ефтим Клетников, македонски писател, Скопје, 1976 год.

Ефтим Клетников

Со стихозбирките Небиднина (1963) и Гледач во пепелта (1970) Ацо Шопов навлезе во зенитот на својот талент, и со нив, напуштајќи ја претходната линија на мек интимен штимунг, бевме свикнале да го посматраме како рефлексивно-медитативен поет кој се стреми зборот да го доведе до мисловна есенцијалност и цврста, класична архитектура на формата. 

Книгата Песна на црната жена (1976), меѓутоа, го отвори новиот лирски круг на овој поет. Во него влегува и новиот ракопис на Шопов Дрво на ридот (1980). И во двете овие книти е присутен еден вид на автобиографски лиризам, кој меѓутоа на интимното му дава една суптилна универзална прекција. Во Песна на црната жена оваа проекција е изведена повеќе екстензивно со мешање и симболички парализам на географските простори: на Жоал и Штип, на Сенегал и Македонија. Во Дрво на ридот истото е постигнато по една вертикална проекција преку темата на телото, иако и тука не се присутни симболичките топоси на Жоал, Штип, Африка и Македонија. И тука се развива симултано темата на интимата, жената и татковината што има автобиографска потка, но пред се преку темата на телото. 

Тоа е една од централните и опсесивни теми на Шопов. Ние, по овој повод, се потсетуваме на единаесетте негови извонредни песни кои го сонставуваат циклусот Молитви на моето тело стихозбирката Небиднина. Поетовиот тон тука е пламнат и химничен. Прославува. Телото е поставено во една архетипска проекција на боготворење, во средиштето на новата метафизика и импулсивна радијација што ја зрачи како симбол. Од него зрачи вечна убавина и радост во животот: свежо е, бујно, полно со пијанство на крв и ритам, подадено на светлина и сетилна игра во една панеротска димензија. Неговата енергија е вечно витална и свежа, па и тревите што го покриваат со мрак, по смртта, изгоруваат во пожарот на неговата жедност (Последна молитва на моето тело). Tao e бујно, paдocно тело

Во Дрво на ридот сретнуваме една поинаква варијација на оваа тема во една нагласена болендојчиновска проекција, но со изразит автобиографски призвук. Тоа е варијантата на болното тело. Наизглед сосема антиподна позиција; но читајќи ги песните согледуваме како болното тело, од ред во ред, заздравува, крепне и му се враќа како во Небиднина на својот исконски радосен ритам, со таа разлика што сенката на болеста, сепак, постојано лебди над него. Во завистост од таквата контрастна поставеност на телото, меѓу болеста и исконската импулсивност, се развиваат и сликите и бојата на тоног во песните. Отпрвин тоа е изнемоштено тело залегнато на постели (Оздравување на болниот). Но таа постела не е во ентериер, ами во екстериер. Подготвувајки го оздравувањето, поетот телото го поставува да боледува во една симболичка амбиентација на природата, то вградува како органски дел во нејзината монументална слика. Тоа е поставено на врв на планина завиено во темни облаци, оставено да чамее само „ гори од оган, врели думани се креваат од него и ги змаглуваат сите планини и котлини“. Таквата и сличните монументални компаративни слики се императивни за песните и одговараат на импулсивниот темперамент и талент на Шопов. Тие набргу траурниот тон на ламентација ќе го преведат во оптимистички емфантична мелодија, кога телото ќe почне да заздравува и пие вина од најстара и најчиста сончевина (Oд најстора и најчита сончевина, Сонцето и телото). 

Таката амбиентација и такто спирално развивање на сликите му овозможуваат на главниот симбол (телото) една вертикална проекција: од хтонскито кон светлосното. Симболите со коишто се компарира телото (планината, сонцето, дрвото) се симболи на идентификација, пгри што таа идентификација е најполна, поставена во една пантеистична транспозиција, во симболот на дрвото во кое болното тело ја наоѓа својата трансформација, своето обновено здравје и свежина. 

Темата на болното тело го зазема целосниот простор н воведената песна и на првиот циклус. Таа доминира, продолжува и во наредните два циклуса (Гнездо во брановите и Езеро на животот), но не со таков интензивен ритам. Таа тука е варирана со една екстатично-ламентна евокација на детството и небиднината која низ диви ветришта го води поетот во светот од Штип до Жоал и од Македонија до црниот континент (Езеро на животот). Варирана е и преку идентификација со два крилести симбола: Крилестиот коњ и птицата, а во песните, Како најубави катрени од народната поезија и Гнездо во брановите. Првиот симбол го сретнуваме и во претходната книга на поетот Песна на црната жена  и е делотворен. Крлестиот коњ е инкарнација на позитивна космичка сила што ги надгледува народите од еден до друг простор, води разговор за животот на живите и истите „со невидливи нишки ги поврзува со умрените“. Вториот симбол е елегичен и повторно е врзан за болното тело и осамата: птицата, по многу години, истоштена му се враќа на своето дрво од младоста расчеталено над езерото, но си го загубила и не си го препознава гнездото во него, па смртта како последна утеха ѝ нуди место во браноните.

Темета на љубовта исто така ја проткајува оваа книга на Шопов, но се разбира во алтернација на придружна варијанта, како ракав на главната тема (Две paцe, Како најубави катрени од народната поезија, Езеро на животот). Актери на таа тема, како и во Песна на црната жена , пак, се црната и белата жена, сињарката од Жоал и убавицата под Исарот од Штип, пак како идеална симбиоза на апсолутната женска убавина.

Поизразито од темата на љубовта кон жената стиховите од Дрво на ридот ги проткајува нишката на темата на љубовта кон татковината, иако оваа е транспонирана со помала спонтаност од првата. Тоа се стихови со голема доза на патетиќна реторика, кои како и стиховите со оваа ориентација од претходната книга на поетот, место метафора, слика или симбол почесто нудат решение низ дискурс, воспоставувајќи аксиомски став преку компарации и аналогии. Таков став се поставува уште во насловната песна од првиот циклус (Оздравување на болниот) во стихот „Mакедонија е во светот, а светот во Македонија”. Натаму тој повсќe пати варира по аналогија на овој „генерален“ аксиом, особено во последната песна Патување во родниот крај – средба со светот, па така во Македонија (се збиднуваат и се прекршуваат сите дилеми на светот), а светот е бремен од прпблемите на Македонија“, така „Македонија ја дели судбината на светот, а светот се судира со безброј македонски судбини”, така „Македонија  е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“. Потребно ли е да кажеме дека таквите отворени реторички решенија паѓаат особено в очи кога ќе се потсетиме на прекрасните стихови на таа тема од Гледач во пепелта, со слики исткаени од густо метафоричко и симболичко ткиво. Од такво ткиво беше и Небиднина.

Но рековме, на почетокот, со Песна на црната жена (1976) Шопов го отвори својот нов лирски круг, а него то проширува и доградува и со оваа најнова своја книга. Притоа е напуштена барокната метафорика од фазата на Небиднина и Гледач во пепелта, а му е дадено место на реторичниот јазик со разредени симболички сегменти. Острата рефлексивна линија (особено во Небиднина), со претензии на филозофски лирика, сега, пак, ѝ отстапила место на исповедно-медитативната линија. Од цврстата, пак, класична архитектура во која се испеани молитвите и Гледач во пепелта ни трага. Стихот во последните две книги на овој поет е реторички, отворен и широк. 

И, ако се „изгубило“ во острината, пробивноста на метафората и цврстината на архитектурата, се добило по интензитетот на ритамот, во отворената градација на тонската скала, во импулсивноста на емоциите. Дрво на ридот успешно ја продолжува новата лирска насока во поезијата на Ацо Шопов. 

______________________

* Поговор на книгата Дрво на ридот, 1980
Прочитајте го и предговорот на Клетников во изборот Лузна, 1981