This post is also available in: French Serbian Croatian Bosnian

Во твојата поезија жуборат бистри води

Од каде таа свежина во твоите песни
па секој збор ти е сочен и со вкус на манго
поету, Дијали? 

Суша е. Седумте долги години
лежаат по патиштата како седум мршави крави.
И сонцето исушено и тоа за дожд жали. 

Само во твојата поезија жуборат бистри води
и твојот жуборест говор паѓа како свежина
врз земјата измачена од суша и тежина. 

Ацо Шопов, Песна на црната жена, 1976

Вратете се во поетската одаја на Лирскиот дом на Ацо Шопов