This post is also available in: Serbian

Шопов, спокоен во неспокојството

Бранко Јовановиќ

Со песната „Во тишина“ Ацо Шопов го изразува своето расположение, односот кон себе и светот, односот кон интимниот поетски порив, но и кон општите закони на лириката:

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
сахрани га у дубоку тишину,
тишина да му смисао дорече.

Овим стиховима песник одређује став и према највећем делу своје поезије, боље рећи − њима је дефинише, ако се поезија уопште може дефинисати. И кад хоће да буде гласан, и кад му тема намеће загрејанију реч, Шопов остаје смирен, медитативно аналитичан, под температуром хладан, у неспокојству спокојан.

Со овие стихови поетот го дефинира својот однос кон најголемиот дел од својата поезија, или подобро речено − ја дефинира својата поезија, ако воопшто поезијата може да се дефинира. И кога сака да биде гласен, и кога темата наметнува пожесток збор, Шопов останува смирен, медитативно аналитичен, под ладна температура, спокоен во неспокојството.

Од нас до нашата небиднина”… Како целата поезија на Ацо Шопов, како сè во неа да се случува токму на оваа релација. Сè е патување и сè е траење − некогаш плодотворно, полно со содржина, охрабрувачко, некогаш залудно, безнадежно, апсурдно: тука е и ветрот чие име е добрина (а ни тој „нема татковина“), и човекот (пред него празнина, зад него празнина) искачен над врвот од болот, „од онаа страна на животот, од онаа страна на себе си… од онаа страна на коренот“, и ноќта и улицата, и твоите години и моите години:

… два брега,
два камена.
две небиднини.

Сè е во стега, во тесен простор, во јаз меѓу два ѕида, во едно трагично сознание дека и покрај сите обиди, нема каде да оди, да отпатува, да избега, да се закопа („Не, нема одење од овој брег, од овој камен на брегот”…) − сето тоа е небиднината на поетот: момент во кој ништо не се случило, во кој ништо не се случува, во кој ништо нема да се случи, проклет ден на невозможноста и на непостоењето, горчливо финале на залудната авантура и неостварените желби. Но, болот е бол, па поетот бара разумен однос кон него, обидувајќи се од од сфаќањето и прифаќањето на неговата неминовност да извлече мудра поука, мелем и утеха.

Сретен Перовиќ, кој гио направи изборот и препевот на овие песни, во краток пропратен есеј ги презентира основните елементи на поезијата на Ацо Шопова во сета нивна пластичност и сложеност.

________________
Статијата е објавена во Борба, под наслов „Предвечерје. Изабрани стихови Аце Шопова”, 07.04.1966.