This post is also available in: Serbian Croatian Bosnian

Црното сонце на Ацо Шопов*

Српскиот писател Драшко Реѓеп (1935-2019) со сопругата Јелка

Драшко Реѓеп

work in progress

Местото на поетот Ацо Шопов во современата македонска литература е потполно определено. Тој е, пред сè, автор кој, во текот на изминатиот четврт век од животот и растот на македонската песна, во многу нешто претставуваше нејзини синоним, нејзин клучен, репрезентативен, и во многу нешто највлијателен дел.

[…]

Автор што пишува малку и претпочита да ги заокружи можностите на една тема отколку да се приклучи на колективните страсти, Ацо Шопов е секако денес поблизок од кога и да е до неговата лирска кристализација. Затоа, неговата последна книга Гледач во пепелта (Македонска книга, Скопје, 1970 година) отвара можност за дискусија околу сублимацијата на една сосема исклучителна, никогаш склона кон ефтини ефекти, поезија.

[…]

Во оваа книга, упорно и на широко се потврдува трасата на тоа славно, злобно, семоќно црно сонце, кое трае без наша согласност, но и без нашa молба за миловни решенија. Онаа древна, кај Шопов веќе од порано суптилно уловена мелодија на крвавата патека во човековото битие, орбитата на темната крв, сега, на теренот на оваа книга избива во сиот свој раскош воспоствавувајќи континуитет со сопствениот збор. Во оваа збирка, тенка по обем а значајна како резултат, пред нас се појавува еден од добро познатите пунктови на целокупната лирика на Аца Шопов. Се работи, се разбира, за неговиотГрозомор“, исклучителна, длабоко инспирирана песна, која на катаклизмата од 1963 година, катаклизмата на скопскиот земјотрес, ѝ приоѓа некако одвнатре, потполно алергична на дескриптивноста која, токму во врска со овој потресен настан, толку често се наметнуваше во сферата на нашата лирика и уметност воопшто.

[…] work in progress

Прочитајте го во целост оригиналиот текст на српскохрватски.

____________________________
* Draško Ređep: Crno sunce Aca Šopova, Izraz, XIV, 11, Sarajevo, 1970, str. 504-506. Во Фондот Ацо Шопов, во Архивот на Македонската академија на науките и уметностите се наоѓа фрагмент (2 листа) од оригиналниот машинопис на српскохрватски јазик, латиница, под број: АШ К4 АЕ139.