Сеќавање

(20.09.1939)

Го помнам добро тој кобен ден
Кога ветрот од гранките смолкнуваше
Смрзнати грутки премрзнат снег.

Јас и мојта мајка сред очаен бол
Се готвевме в мугра, а колскиот чкрт
и гракот на враните над снежниот брег

Ни влеваа тага што крици буди.
Та туткајќи срце во болните гради
Посакав да рикнам, но штом ја видов таа

Смртна лика, сал издивнав суво.
„Не, храбар биди, од векот Бог ги чува
страдните срца на своите поданици“.

О, со одлучен глас ме крепеше таа.
Вон сѐ е мртво и плаче вселената,
И лета времето и снегот свила навева.

Тихо редев кога чув глас на сирена.
„Храбар, храбар биди и мене не ме жали,
Збогум!“ рече. Гледав по автомобилот.

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов. Заедно со „На чешмата” и „Ноќ”,  оваа песна е објавена во Нова Македонија, „Културен живот”, 20.04.1985, стр 8
Објавена е исто така во статијата „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом  на Ацо Шопов