This post is also available in: Slovenian

Песни од Ацо Шопов: избор од збирката Слеј се со тишината, 1955

Го барам својот глас

Го барам својот глас во молкот див на морето
оно се скаменува.
Во жолтата пустина на есента го барам,
она зазеленува.
Моите раце не се мои раце
(моите раце се прсти на месечината)
Моите очи не се мои очи
(моите очи, очи за далечина).
Мојот збор е тврда вилица на времето
што ‘рти по нивјето со заби на семето.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955