This post is also available in: English

Жива и исполнета поетска сликовитост*

Grahan Wightman Reid

Греам Вајтмен Рид, британски филолог

Греам Вајтмен Рид

Ацо Шопов е еден од најзначајните македонски поети. Роден е на 20 декември 1923 година во Штип, во источна Македонија, каде што го завршил основното и средно образование. Под влијание на мајка му, учителка која и самата пишувала љубовни стихови, Шопов своите први творби ги објавува на ѕиден весник во неговото средно училиште”, пишува во овој портет на поетот, објавен во Dictionary of Literary Biography, Thomson / Gale, 2005-2006, британскиот филолог Греам Вајтмен Рид.

Овој еминентен македонист смета дека со текот на времето, поезијата на Шопов добива сè „пософистицирана едноставност” и дека ако, генерално гледано, во неговата прва фаза се забележува движење од општото кон личното, а за втората е карактеристичен ракописот од лична природа, поетскиот пат во неговата трета фаза се движи од личното кон универзалното.

Според Греам В. Рид,  сè посложената реалност во песните на Шопов го одразува поетовото нуркање во длабочините на сопственото битие и „откривањето на онаа небиднина што му се заканува на секого и на сè и која постојано лебди во возтухот, секаде во овој свет во кој на немирите им нема крај”.

Прочитајте го оригиналниот англиски текст во целост.