Ацо Шопoв: Дрво на ридот*

Бранко Цветковски

Најновата поетска збирка на Ацо Шопов, Дрво на ридот, го продолжува лирскиот лак на пеењето што поетот го востанови како нов квалитет со книгата Песна на црната жена. Вруточните состојби за творечко понирање што се состојат во оздравувањето (како тема) ги посочи уште порано Иво Андриќ (Знаци покрај патот), а на своевиден поетски начин врз оваа тематска одредница Ацо Шопов ги гради песните од првиот циклус во книгата „Оздравување на болниот“. Песните во збирката Дрво на ридот се омеѓани уште со две циклусни најави „Гнездо во брановите“ и „Езеро на животот“, а критичката потрага низ слоевите на оваа поетика ќе посочи: присутност на интимниот, автобиографски призвук, воспевањето на љубовта кон жената и татковината и архетипската проекција на телото од кое зрачи „вечната убавина и радост во животот“.

Книгата во рамките на годинашната продукција ја издаде „Мисла“.
_______________________________________
*Текстот е објавен во Нова Македонија, 21.06.1980, стр. 4.