Ацо Шопов: Откривајќи го светот ја откривам татковината*

Ацо Шопов ѝ припаѓа на онaa генерација македонски поети чии стихови се родија во првите денови на Pеволуцијата. Неговиот поетски опус е долг точно 35 години и во него, како што вели литературниот кричар Георги Старделов, „...суштествува една органска, една неделива и естетска и филозофска кохезија“. Годинава тој е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за книгата Песна на црната жена. Тоа беше повод да му поставиме неколку прашања.

Добитник сте на повеќе признанија. Што за Вас преставува оваа награда кога веќе зад себе имате повеќе признанија за вашиот богат поетски опус? 

⎼ Наградата „Браќа Миладиновци“ за мене претставува големо признание, голема радост, пред сè, поради тоа што доаѓа за една моја збирка што е инспирирана во Сенегал и другите земји на Црна Африка каде престојував околу 5 години на дипломатска служба.

Што е тоа што Ве привлече да се зафатите со оваа тема? 

⎼ Судбината на тој народ е тешка. Тоа ме возбуди и ме привлече.

Во тие години имав можност да го запознам живот на тој народ, неговите обичаи и да се уверам во тоа дека судбината на тој народ е многу слична со судбината на нашиот народ. Но, истовремено да ја реализирам и својата основна мисла: Откривајќи го светот да ја доближам до себе, да ја откријам својата татковина и обратното откривајќи ја татковината да го запознам и откријам светот. Всушност, тоа е и основната идеа на оваа збирка.

Рековте, судбините на сенегалскиот и македонскиот народ се многy cлични. Речете ни накусо во што се содржи таа сличност? 

⎼ Од Сенегал и многу други афрички земји во минатото се регрутирале црните робови. Ние, иако не сме имале робови во буквалната смисла на зборот, нашите печалбари, кои заминувале во туѓи земји да обезбедат парче леб, не биле ништо друго, туку една врста робови. Сличноста е и во следново: сенегалскиот народ, како и нашиот, е народ на песна и игра. Фолклорот навистина е различит, но неговата суштина е иста. И во нашите и во нивните песни и игри се изразува сопствената судбина.
_________________________
* Текстот е објавен во Нова Македонија, 22.08.1976, стр. 10.

Други разговори и статии на Ацо Шопов