Ацо Шопов: Критиката молчи*
Видливи се значајни напори и дострели во литературата, не би сакал да конкретизирам и да наведувам имиња, но би рекол дека има неколку значајни појави и во поезијата и во прозата. Ова особено важи за младите и најмладите генерации. Имам впечаток дека критиката молчи за нив. Дали нема слух за нив, или во прашање е нешто друго не знам, но важно е дека се оглушува, не се искажува за најновите достигања… Меѓу постарите постои една група што не е мала, која покажува крајно неразбирање за младите. Од секогаш сум бил категорички против тоа, и денес стојам на такви позиции. Сметам дека во поезијата има место и простор за сите вистински творци, сите да живеат творечки и тоа не смее на постарите да им пречи. Но, за жал, ситуацијата е таква, и токму заради ова, со некои од нив, мислам од постарите, јас раскинав!…
_________________________
* Ацо Шопов: „Критиката молчи“, Млад борец, 27.9.1972, стр.15. Извадок од разговорот „Без етика нема творештво”.