Ацо Шопов: Дали нашето време е мртво за поезијата?*

Немирот е тотален, универзален, на сите ширини и должини географски и човешки: немир − војна и галоп за секаква надмоќ и престиж, немир − страв од атомска катастофа, немир − крваво пресметување со сите сеништа на минатото, немир − исправање на човекот, извишување во неговите човешки достоинства, стапување на прагот на вистинската историја, немир − одбрана на вистината, немир − радост што ја соопшти човековиот глас од вселената, немир на земјата, немир над земјата…

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.
__________________
* Реч на Ацо Шопов на отворањето на Струшките вечери на поезијата, во својство на прв претседател на советот на фестивалот, во 1962 година. Препис на машинопис и автограф, АШ К3 АЕ50, во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ.

Други разговори и статии на Ацо Шопов