Јус-рекламерство

1
Секоја убавица се мажи сама,
но девесниците не можат без јус-реклама.
Нивната убавина ја мери
завод од јус-рекламери.

2
Го жалам Мајаковски, го жалам Аполинер,
ги жалам сите што дозволиле да умрат
пред да си најдат јус-рекламер.

3
Волшебна е нашата јус-фантазија.
Со неа и кичот и шундот се преобразија.

4
Нашата поезија достигна чудесен степен:
за грбникот на светскиот поетски збор
опашот гордо ѝ е слепен.

5
И да не зборуваме за нашиот печат.
Новинарите од неговите страници
во брачните наши караници
со голуждрави жени и букви голи нѐ лечат.

6
Нашите издавачи најавија крупни планови,
Пред подвигот на големите изненадувања
не ги мачат повеќе уметничките станови.
Нив сега нова мисла ги мачи –
кој по скалите на издавачките качувања
со личниот доход повисоко ќе се качи.

7
Ти си добар сликар, но да бидеш славен
треба да научиш само една лекција:
како твоето ликовно дело
да стане сопственост на нечија колекција.

8
На нашата телевизија ѝ падна чесен дел:
да ги замени сите трансмисии
и во своите секидневни емисии
да дострела приватна цел.

Ацо ШоповЈус-универзум, 1968

Оригиналните автографи од збирката се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов, во АМАНУ: АШ К1 АЕ31. За четири песни постојат замо машинописи: „Јус-критичар”, „Јус-догматичар”, „Јус-солидаризерство” и „Јус-дискутанти”.