Разговор со мајка

(мај, 1940)

И оваа пролет ќе рашири гранки
Мајко мила исто како лани.
Во бавчата ние, а росата блешти,
Славеј пее, а душата чиста.
Ќе го гледаме во румен сјај
Сончевиот ôд кон својот крај.
− Никогаш да не ми осамне веќе!

Немој така моја слатка мајко
Ти млада си − за в гроб е рано.
Тие црни мисли од главата нека минат
Среќа и надеж нека засинеат.
Смртта е тешка. Вечно во темнина
Животот без тебе би бил изѕемнина.
− Сине мој, таа ме очекува!

Почуј… почуі, пролетта ќе дојде
Ко зимата и болките ќе минат.
Рано в мугри штом сонцето самне
И штом се стресат планинските врвој,
Прво цвеќе ќе наберам за тебе
Изгубената радост да ја вратам.
− Сине, јас тоа не ќе го дочекам!

Прикажувам смело а срцево плаче,
И слушам како се посилно бие.
Пред очи сѐ ми потемнува,
Ко жолт лист снага ми затреперува.
Последната надеж кон бога броди,
Душата сега таа ми ја води.

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом  на Ацо Шопов