Пролетен разговор

(мај, 1940)

Насекаде езди пролетниот насмев,
Зеленеат гранки и цвеќето цути,
Насекаде мило, насекаде нежно,
Сал моево срце болно е стуткано.

И болно јачи здробено во градиве.
Тивко, кроце, мила моја мајко,
Ќе газиме леко сѐ чекор по чекор.
Ајде, ајде, мајко! „Јас не можам, сине!“

О, колку мил е појот на птиците
И како се златат сончевите лачи.
О, сè е красно, благодарам Боже!
Ајде, ајде, мајко! „Јас не можам, сине!“

Ќе слушаме звуци на златна гитара
Од кое срцето кликнува, трепери,
О, сѐ е красно, благодарам Боже!
Ајде, ајде, мајко! „Јас не можам, сине!“

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом  на Ацо Шопов