На другарот Ал. Апостоловиќ

(по повод неговата песна: „На помладиот другар песимист“)
(sine data)

Како во животот да сетам милина?
(Бидејќи велиш оти е ведар, убав и бодар)
Кога пред себе среќавам сал ужас и стравотија,
А среќата уште не сум ја ни сонил!

Како да го сликам весело и смело
Кога срцето веќе ми се скоравило?
Среќата и надежта одамна свeнале,
А животот млад ко да гине бавно.

Живот − тоа е чаша на ужас и гнев
Од која смртта сал ќе те спаси.
Од никаде искра душа да ти згрее.

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом  на Ацо Шопов