Кон пријателот

Отпатувај ако ти е мака,
ако чекаш – отпатувај пак.
Возот патник во ноќната мрака
до небето расфрлува траг.

Светла нитка…како галеб летнат,
како шепот и сонлив и тих.
Пријателе, таква нитка светна
утринава и во твојот стих.

Пријателе, пријателе, далек,
пијан одам од копнеж и жед.
Зар е важно дал не плиска залез
или зора пo образот блед.

Светот – свет е, a ти – крв и рана,
кој гo слути твојот жеден плам,
и кој слути дека си фонтана
кога ноќе поминуваш caм.

Отпатувај ако ти е мака,
ако чекаш – отпатувај пак,
Возот – патник во ноќната мрака
ќе расфрла нов и светол траг.

Ацо Шопов, Слеј се со тишината, 1955