Раѓањето на зборот, избор од поезијата на Шопов, Микена, 2008

Ацо Шопов: Раѓањето на зборот, 2008 / Ката ЌулавковаВо овој избор од поезијата на Ацо Шопов подотвен од страна на Катица Ќулавкова, авторката му приоѓа на делото на Шопов од една „нова перспектива [којашто] произлегува од сегашната, постшоповска констелација во којашто се наоѓа македонската поезија”, како што пишува самата во опширниот предговор „Завештанијата на Шопов”. „Таа перспектива”, продолжува Ќулавкова, „овозможува предметот на толкување да биде воедно и предмет на вреднување. Освен тоа, оваа перспектива овозможува во фокусот на интерес да се вклучи понагласено, иако не изричито, покрај поезијата на Шопов, и корпусот на современата македонска поезија, особено онаа создавана во повоениот период, заклучно со 1980-та година, значи во периодот на македонската Модерна”.

Книгата Раѓањето на зборот ја објави издавачката куќа Микена од Битола. Во 2011, во превод на англиски јазик, истата излезе под наслов The Word’s Nativity, во издание на НУБ Свети Климент Охридски.