Ацо Шопов: Поезија, 1993

Aco Šopov : Poezija/ Kata Ćulavkova.

Избор од поезијата на Ацо Шопов. Приредувач Катица Ќулавкова. Скопје, Македонска книга, 1993.

Во 1993 год., по повод одбележувањето на седумдесетгодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, Македонска Книга, издавачката куќа во која Ацо Шопов го има поминато најголемиот дел од својот работен век, се одлучува да објави тритомно издание на неговото творештво и сведоштва од неговиот приватен живот. Од печат излегуваат само првите два тома: Поезија, подготвен од страна на Ката Ќулавкова, и Шопов во сетот, Шопов од светот, подготвен од страна на Милош Линдро. Првиот том содржи широк избор од петското творештво на Шопов. Вториот, избор од препевите на поезијата на Ацо Шопов на различни јазици, како и од неговите препеви на македонски од други јазици.

Прочитајте го предговоро на томот Поезија од Катица Ќулавкова под наслов „Зреење на песната”.