Средби на СВП: Сеќавања за Ацо Шопов*

Јован Стрезовски

Долгогодишниот директор на СВП, писателот Јован Стрезовски по повод 20 години од смртта на Ацо Шопов, што беше повод да се организира денешниот омаж за најпознатиот македонски лиричар во рамките на програмата на СВП, се сеќава.

„Ацо Шопов беше прв претседател на фестивалскиот одбор на СВП во 1962 година, а беше и претседател на ДПМ. Тогаш приредбите се одржаа од 6 до 9 септември во киното во Струга што ги предложи Гане Тодоровски. Првта вечер беше посветена на Димитар и Константин Миладиновци со уводно излагање на Ацо Шопов.

Во 1969 година, вели Стрезовски, Ацо Шопов беше повторно претседател на СВП и неговиот придонес е голем. Како амбасадор во Сенегал, беше во контакт со претседателот и поет Сенгор, и во 1974 година ми предложи, како на директор на СВП и на Матеја Матевски како претседател на Советот на СВП, да ја разгледаме можноста за доделување на Златниот венец на Сенгор, што се реализира во 1975 година.

Ацо Шопов го подготви изборот од поезијата на Сенгор што ние го издадовме двојазично (македонски и француски).

На приредбата „Мостови“ на 31 август Матеја Матевски му го врачи Златниот венец.

Ацо Шопов за целото време додека беше во Сенегал, секогаш се интерсираше за СВП и помагаше со неговите контакти што ги имаше во Африка, и други книжевни средини во светот. Ацо Шопов и Сенгор беа убав спој на поети и државници кои на СВП им дадоа впечатлив удел во престижот.
_______________
*Текстот е објавен во Нова Македонија, 22.8.2002, стр. 10