Црното сонце кaj Шопов *

Атанас Вангелов (1946-2021), македонски литературен критичар

Атанас Вангелов

Моето сегашно читање на поезијата од нашиот знаменит поет Ацо Шопов почесто ме наведува на помисла да кажам дека соларноста е нејзина скриена и, затоа, можеби, клучна тематска основа. Таа ce бележи како експлицитна, и како имплицитна тематска реализација. Првата одредница ја поврзуваме со еден циклус песни кои ce публикуваат во неговите Одбрани дела  под наслов: „Црно сонце“, „Пак црно сонце“ и „И уште еднаш црно сонце“. Под второто разбирам серија семантизми кои конвергираат кон топизмот „црно сонце“, кому му определувам вредност на носител на парадигма.

На тоа прашање јас посветив една статија под истоветен наслов која беше препечатена во мојата книга Решето (Скопје, Наша книга 1983, стр. 175-181). Статијата ce повикува на една опсервација од Гане Тодоровски, според која ce работи за актуелизација на мотив со респективна традиција во европската поезија. Тука пак ќе потсетам на таа опсервација, затоа што содржи една интуиција на која не ѝ ce посветува нужното внимание во мојата статија од 1983 година. Еве ги зборовите на Тодоровски: „Низ нив (ce мисли на циклусот песни за црното сонце) како да ја препознаваме онаа модерна распнатост на поезијата меѓу интелектуалната компликација и архаичното тајно вражање“. (Литература за III клас, Просветно дело, 1978, 119-123). Сега засега, додавам само дека квалификацијата „архаично тајно вражање“ ја сметам за важна инструктивна основа за продуктивно испитување на поетската конфигурација и семантичката ориентација на поетот Ацо Шопов.

Потребно е, исто така, да ce потсети дека Гане Тодоровски е прв човек кај нас кој го доведе тој циклус песни на Шопов со традицијата на Виктор Иго. Што ce однесува до мене јас таа традиција ја истакнав во нејзиниот природен континуитет кој, како што ce знае, има непосреден излез во поетското искуство на Шарл Бодлер.

Co оглед на очигледниот факт дека синтагмата „црно сонце“ е оксиморонска пo својата природа, не толку експлицитно, колку имплицитно, застапувам становиште дека основа или, поточно, извор на таа актуелизација во опусот на Шопов е самиот јазик, тоест естетичките канони и стилските ограничувања кои функционираат како сигнализант за модерно поетско писмо и кои на посреден начин ја гарантираат институцијата поезија онака како што ce идентификува во контекстот на дадена култура и, респективно на современата македонска поетска култура.

И ceгa сум на мислење дека за тоа постојат цврсти аргументи. Од една страна, тие ce очигледни, a пак од друга – нивната зачестеност е таква што самата по себе ce наложува како важен стилематски факт. Ми ce чини дека е доволна една мала илустрација од предметниот циклус песни за да ce потврди заснованоста на истражувањето во тој правец: „Какво е тоа измислено царство, таа гробница на ветер што дува/ од која триглаво сениште триж страно во нас гледа/ во овој простор од злостор, вода без вододелница, вода сува/ во оваа црница собрана во една човечка педа („Пак црно сонце“).

He е тешко да ce уочи дека, на пример, синтагмата „измислено царство” е  изведена исто така со една оксиморонска операција врз основа на семантичкиот бинаризам „постојано/непостојано“: семата „непостојано“ е доминантна на детерминантата „измислено“ додека пак семата „постојно“, доминанта на супстантивот „царство“. По истиот начин, тој механизам е видлив и во формулата „таа гробница на ветер што дува“, затоа што во супстантивот „гробница“ како семичка доминанта ce идентификува категоријата „статизам“, додека пак во нејзината спецификација која пак, уште ѝ ce квантификува („ветер“ е семичка актуелизација на „гробница“, a пак тој „ветер“, од своја страна ce спецификува со посредство на анитичкиот адвербијализам „што дува“), „како доминанта ce идентификува категоријата динамизам“. Ако тие две формули во само еден стих од посочениот куплет на Шопов ce определуваат како оксимороидни, тогаш пак синтагмата „сува вода” и не треба да ce коментира: сосем е очигледно дека нејзината природа е истоветна со природата на насловната синтагма „црно сонце“.

Таа состојба на текстот, на која уште и ce инсистира, овластува да ce каже дека клучно творбено начело е таканаречената семантичка густина, како темелна ориентација на модерната поезија која, во традицијата на македонската современа поезија, стекна вредност на вид естетички канонон кон почетокот на шеесеттите години [од дваесеттиот век]. He треба посебно да ce нагласува дека таа орнентација има основа во превратот на поетскиот јазик кој, во европски размери, ја изврши делото на Бодлер и Рембо кои пак, од друга страна, ce определуваат кгако непосредни, автентични наследници на Виктор Иго. Дури, самиот Бодлер е тој што зборува експлицитно за тоа дека ce смета за автентичен романтичар на неговиот голем учител Виктор Иго.

Јас и ceгa сум склон да мислам дека таканаречената јазична мотивација (тука ce употребува таа одредба со значење кое ce дефинира во расправата „Проблемот на литературната мотивација“, од Ферид Мухиќ, Скопје, Разгледи, 8, 9, 10, 1976) има свој важен удел како за актуелизацијата на тој мотив, така и за неговата артикулација во поезијата на Шопов, односно во корпусот на нашата современа поезија, факт кој, од своја страна, го гради нејзиниот модернитет.

Затоа што мојата статија од 1983 исклучиво ce концентрира врз таканаречениот јазички материјал, во својата намера или амбиција да стекне степен на проверливост, и затоа што по еден премолчан начин елиминира некои очигледни сигнали кои налагаат да ce посвети соодветно внимание на таканаречената психолошка мотивација во предметните стихови на Шопов, може да ce стекне впечаток дека застапувам имплицитно становиште дека традицијата и само традицијата на европската модерна, дека принципот семантичка густина како суштествен признак на современата поезија е тој кој го акутелизира мотивот „црно сонце“ кај Шопов.

Токму затоа наоѓам за нужно, многу повеќе во форма на назнаки, отколку во форма на исцрпна и систематска аргументација да посочам на следново:

Формулата „измислено царство“ која поблиску ce определува преку гробницата на еден жив ветер (затоа што дува) допушта да ce интерпретира, од семантичка перспектива, како персонална поетска реализација на една општа, универзална архисимболна шема на соларноста со негативна валоризација со што, практично, ce воспостава непосредна врска со основната, архисема, „црното сонце“. Ако ѝ дадеме валидитет на таа претпоставка, формулите „триглаво сениште“, „простор од злостор”, „црницата собрана во една човечка педа“ ќе имаат само статус на посебни единици кои влегуваат во симболната консталација на „црното сонце“.

Како што е познато, во симболната консталација на соларниот мит посебна улога играат хипоморфните претстави. Затоа што хипоморфизмот функционира истовремено како фалички симбол, тој ce поврзува со плодноста, a пак митот за плодноста подразбира конструкција и деструкција истовремено. Едното и другото ce поврзуваат со претставите за раѓањето и за смртта со кои ce поврзуваат изгрејсонцето (младото и животно, животворно сонце) и залезот (слабото, немоќно, сонце на умирање и конечно, црно сонце).

Сета таа симболика угледниот антрополог Жилбер Диран ја смета за материјализација на категоријата промена, за клучна во човековата природа вопошто. Кратко речено, сите соларни атрибути ce, пo дефиниција, амбивалентни. Затоа што ce компатибилни на категоријата промена тие ce териоморфни, застрашувачки, извори на опасност и тегобност.

Повикувајќи ce на етимологот Александер Крапе, Диран назначува дека старогерманска верзија на соларната хипоморфија malrt не само по звучење, туку и по значење е блиска до старословенското „мора“, „вештерка“, „самовила“, односно до староруското „мора виножито“; полската и чешката вредност на „мора“ е „кошмаp“, a пак за тој збор психоаналитичарот Карл Густав Јунг наоѓа дека е близок со францускиот mère кој има исто толку позитивна, колку и негативна симболна валоризација од перспектива на психоанализата.

Нека бидат само тие, и колку бегли посочувања, доволни да покажат дека териоморфизмот е далеку покомплексна, поистрајна и посилна инвестиција во соларната митологема отколку нејзината еуфимистичка верзија. Ако ce уважи тоа, сосем поинаква конотација добива и циклусот „Молитви за моето тело“ кој допушта непосредно да ce поврзе со циклусот „Црно сонце“.

Тоа овластува да ce каже: јазичната напрегнатост, карактеристична за модерниот Ацо Шопов, кој ce совпаѓа со модерноста на нашата поезија воопшто, е во непосредна врска со напрегнатоста и драмата на човекот воопшто, негова универзална, историска и космичка позиција, при што не може да ce рече што на што му претходи; што е знак или форма, a што пак семантичка вредност или содржина. Co тоа, практично, ние ги релативизираме литерарните и јазички основи на тој мотив на поезијата на нашиот знаменит поет Ацо Шопов. Co тоа практично потврдуваме дека интуицијата на Гане Тодоровски, според која искуството на поетот Ацо Шопов треба да ce доведе во врска со елементарноста на архајското, прелогичко поимање на светот, односно со стилот на вражачката и бајачката чија модерна верзија е супрареализмот или заумноста во традицијата на руската авангарда, е далекосежна и плодотворна од интерпретативна гледна точка.
_____________________

* во Творештвото на Ацо Шопов: симпозиум по повод 70-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, Скопје, 1993
_____________________

На истата тема, прочитајте го и есејот Еросот и Танатосот во циклусот Црно Сонце, Томислав Каранфиловски, 2010