Also available in: English
Изданија посветени на Ацо Шопов
Во овој отсек на Библиотеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов се наоѓаат книгите, зборниците и списанијата посветени на неговото творештво. Во неа можете подетално да се запознаете со поголем дел од тие изданија.
Меѓу нив, посебно место заземаат монографиите на Радомир Ивановиќ (1986), Георги Старделов (2000) и Јасмина Шопова (2003), книгата разговори меѓу Светлана Шопова и Иван Антоновски (2023), како и зборниците на трудови од конференциите на Филолошкиот факултет и Институтот за македонска литература во Скопје (1993), на Меѓународениот семинар за македонски јазик, литература и култура (2003 и 2023) и на Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ организирана од страна на филолошки факултет во Штип (2023).
Зборници и книги посветени на Шопов
- Критичарите за творештвото на Ацо Шопов.— Развиток, XVII, бр.2, март-април 1979, стр. 109-116. (Критики на Д. Митрев, А. Спасов, М. Ѓурчинов, Г. Старделов, Д. Наневски, М. Друговац, Д. Пановски)
- Ацо Шопов (1923-1982).— Дело 74, IX, бр.5-6, јули-август 1982, стр. 245-347.
- Le Journal des poètes, n° 4-5, Septembre 1982.
- Ацо Шопов (1923-1982) : Споменица.— Скопје : Македонска академија на науките и уметностите, 1983.
- Поводи.— Литературен збор, XXX, бр.3, 1983, стр. 11-41.
- [Блок].— Современост, 1983, год. 33, бр. 4, стр. 68-97.
- Ивановиќ, Радомир: Поетиката на Ацо Шопов; превод од српскохрватски ракопис Милан Трајков.— Скопје: Македонска ревија, 1986.— 188 стр.
- Ivanović, Radomir: Reč o reči: poetika Ace Šopova.— Beograd: Novo Delo, 1986.— 172 str.
- Творештвото на Ацо Шопов: симпозиум по повод 70-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.— Скопје: Филолошки факултет — Институт за македонска литература, 1993.— 188 стр.
- Вуксановић, Оливера: Лирика Аца Шопова.— Ниш : Филозофски факултет, 1998 (Ниш : Свен). — 29 стр. (Библиотека семинарских и дипломских радова / Филозофски факултет у Нишу, Студијска група за српски језик и књижевност ; књ. 1)
- Китанов, Блаже: Ацо Шопов, живот и дело.—Скопје : Култура, 1998.—226 стр.
- Старделов, Георги: Небиднината: поезијата и поетското искуство на Ацо Шопов.— Скопје: Матица македонска, 2000.- 309 стр.
- Прокопиев, Александар: Постмодерен Вавилон.— Институт за македонска литература, Магор, Скопје, 2000, 205 стр
- Шопова, Јасмина: По-трагите на Ацо Шопов.— Скопје: Сигмапрес, 2003.- 254 стр
- Ацо Шопов in XXX Научна конференција на XXXVI меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 11-13 август 2003 г.). — Скопје : Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2004.— стр. 203-597
- Животот и делото на Ацо Шопов: меѓународен научен собир по повод 80-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.— Скопје: МАНУ, 2005.— 281 стр
- Шопова, Јасмина: Сенгор- Шопов: Паралели.— Скопје: Сигмапрес, 2006.
- Зборник на трудови од Меѓународната конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ : Филолошки факултет - Штип 25-26 мај, 2023 / [главен уредник Ева Ѓорѓиевска ; одговорен уредник Надица Негриевска]. - Штип : Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, 2023. - 529 стр. : илустр. ; 25 цм.
- „На јубиларите - Мисирков и Шопов“ во: Меѓународна научна конференција (50 ; 2024 ; Охрид) 50. Меѓународна научна конференција на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје : Охрид, 1-3.9.2023 година / [меѓународен уредувачки одбор Ала Шешкен... и др.].- Скопје : Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура,, 2024 (Скопје : Винсент графика). [571] стр. ; 24 см.
- Од онаа страна на небиднината : разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов / Иван Антоновски ; [фотографијa Јана Луловска]. - Скопје : Дијалог, 2023 (Скопје : Ри графика) ; 221 стр. : фотографии ; 21 см.
Библиотеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов содржи исто така голем избор од неговите: