Ацо Шопов: книги преведени на македонски

Телеграфски басни

Густав Крклец. Скопје, 1954

(opens in new tab)

Избор од поезијата на Крлежа

Скопје, “Кочо Рацин”, 1963

Ацо Шопов има преведено голем број од југословенските и светски класици на македонски јазик, меѓу кои: Јован Јовановиќ-Змај, Пјер Корнеј, Мирослав Крлежа, Едмон Ронстан, Леополд Седар Сенгор и Вилијам Шекспир (Хамлет, Ромео и Јулија и избор од 60 сонети).

На Шопов му ги доложиме и првите македонски преводи на класиците на детската литература, како што се Црвенкапа, Пепелашка, Мачор во чизми, Убавица и ѕвер, Палче и други.

Не случајно препејувачот Шопов е поплодотворен од писателот Шопов. Тоа се должи на една негова обземеност: да ја запознае македонската публика, почнувајќи од најмладата, со ремек делата на светската литература и така да даде свој придонес во нејзиниот развој.

Во овој отсек на Библиотеката на неговиот Лирски дом можете подетално да се запознаете со избор од неговите препеви на светски и југословенски класици.

Препевите на Шопов се достапни во Читалницата, оддел „Препеви на македонски

Преведени книги

  • Цицибан / Отон Жупанчич. Скопје : Кочо Рацин, 1951. 48 стр. (Повторни изданија: 1954, 1956, 1959, 1965, 1967, 1972, 1973, 1974, 1975, различни издавачи).
  • Песна за Апанаса / Едуард Баргицки. Скопје : Кочо Рацин, 1951. 58 стр. (со Славко Јаневски).
  • Басни / Иван Крилов. Скопје: Кочо Рацин, 1953. 33 стр. (Повторни изданија: 1956 и 1963).
  • Песни / Јован Јовановиќ-Змај. Скопје : Кочо Рацин, 1954 (Повторни изданија: 1959 и 1967).
  • Телеграфски басни / Густав Крклец. Скопје, 1954
  • Колекција од 12 бајки. Издавачи: Народна Просвјета, Сараево, и Печатарски завод Огњен Прица, Загреб [1955], Формат: минијатура. Вили, Пепелашка, Златокосата, Сината птица, Убавица во магепсана шума, Русобрадиот, Рике со перче, Палче, Црвенкапа, Мачор в чизми, Убавица и ѕвер, Магарешка кожа.
  • Сирано де Бержерак / Едмон Ростан. Скопје: Кочо Рацин, 1957. 393 стр.
  • Песни / Никола Јонков Вапцаров (со други преведувачи). Скопје: Кочо Рацин, 1958. 116 стр. (Второ издание во 1967, Македонска книга и Детска радост).
  • Сид / Пјер Корнеј. Скопје: Кочо Рацин, 1958. 131 стр. (Повторни изданија: 1969, 1970, 2001, 2016).
  • Песна на чучулигата / Григор Витез. Скопје: Култура, 1959. 51 стр.
  • Хамлет принцот дански / Вилијам Шекспир. Скопје: Кочо Рацин, 1960. 210 стр. (Повторни изданија : 1966, 1971, 1981, 2002 различни издавачи).
  • Избор / Мирослав Крлежа ; приредил Тоде Чолак ; [превеле Ацо Шопов (лириката) и Тодор Димитровски], Скопје : “Кочо Рацин”, 1963, 237 стр.
  • Шекспир (Ромео и Ѓулиета. Хамлет. Отело / Вилијам Шекспир). Скопје: Кочо Рацин, 1964. 130 стр. (со Блаже Конески).
  • Избор / Јован Јовановиќ-Змај. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 122 стр.
  • Морето и боите / Григор Витез. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 27 стр. (со Глигор Поповски и Васил Куноски).
  • Поезија / Изет Сарајлиќ. Скопје: Кочо Рацин, 1965. 56 стр.
  • Вечер над градот / Драгутин Тадијановиќ. Љубљана, Државна заложба; Скопје, Македонска книга; Белград, Просвета; Загреб, Младост, 1966. 128 стр.
  • 60 сонети / Вилијам Шекспир. Скопје: Македонска книга, 1968. 64 стр.
  • Поезија / Леополд Седар Сенгор. Скопје: Нова Македонија, 1975. 250 стр. (со Влада Урошевиќ и Георги Сталев). Ново издание. 2016, Арс Ламина, Скопје.
  • Одбрани дела, Скопје: Мисла 1976 (кн. 3, 4 и 5).
  • Шопов во светот, Шопов од светот / Избор и предговор Милош Линдро. Скопје: Македонска книга, 1993 (Избор, кн. 2)