This post is also available in: Macedonian French Spanish German Russian English Croatian Bosnian

Критичари о Шопову – цитати

Треба са пажњом читати давне стихове Аца Шопова о партизанском пролећу, о срећи и о гори, о бунтовној песми, па видети како су запахнути једном раздраганом, чилом свешћу о слободарском осећању и једном језику којим се, први пут слободно, казује развијена застава завичајне љубави и показује македонски стих изговаран високим грлом. Треба видети колико је личне непорочне страсти унето у наивне али звучне стихове његове о данима будућим, и треба такође слутити колико је љубави инвестирано у стих који у песми „Со наши раце“ казује, готово тепајући: „во крајот наш роден“, па тек онда вредновати естетским критеријима све што је овај песник оставио иза себе. Драшко Ређеп, српски писац („Ацо Шопов”, 1969)

У македонској поезији, која је вековима била одвојена од општих токова европске књижевности и која је тек у последње две деценије стекла услове за свој развој, дело Аце Шопова открива нови песнички свет, један од темеља оног огромног здања које називамо нашом модерношћу. Александар Романенко, руски песник, 1974.

Шоповљева поезија буди мирисе, неименљиве сокове његове земље, односно ону реалност, и стварну и неопипљиву, због које понекад гине. Пјер Сегерс, француски песник, 1976.

Ацо Шопов поставља човека као појединца са трагичним извором, са великом ефективном и филозофском димензијом, који је непрестано у средишту дијалектичког јединства ја – свет. Његова поезија не уздиже феномен, већ предлаже феноменологију постојања, стих осцилира између сугестије и препознавања, између појаве и сећања. Трајан Ника, романски писац, 1981.

Ацо Шопов је пјесник који никада није признавао утабане стазе у својим пјесничким путовањима, нити је волио ограде и границе кретањима поетске мисли. Његова пјесма увијек је тражила нова уточишта, нове изворе са којих се напајала животворнијим соковима и бљештала новим сјајем. Он је више газио по шибљу и честару, тражећи свјежије рухо свом стиху, него што је ишао широким друмовима и прокрченим стазама испробаних и провјерених пјесничких концепата. Зато је његово име једно од најсвјетлијих у послијератној македонској књижевности, а његова лирика драгуљ у корпусу македонског пјесништва. Изет Муратспахић, босанскохерцеговачки писац (Над опусом Аце Шопова”, 1984)

work in progress

Како поет, Ацо Шопов е предодреден да ја претставува македонската поезија во рамките на светската литература, не само затоа што неговата поезија е суштински поврзана со македонската земја, туку затоа што таа сведочи дека духовниот живот на Македонија ги достигнал тековите на европската литература. Фридрун Ринер, француска универзитетска професорка и литературен критичар, 1985.

Зборот е средиште на заковниот и вонзнаковниот систем во системот на мислењето на Ацо Шопов. Тој постојано инсистира на откривање нови значења, односно на секојдневна практика на проширување на контактните зони меѓу зборовите, на нивната виртуелна длабочина. Неговата песна содржи многу поголем број значења отколку што ни се чини во прв момент, зашто е познато, како што тврдеше Бранко Миљковиќ, дека одново не може да се опее само она што е изнесено концизно. Радомир Ивановиќ, Црногорски универзитетски професор и литературен критичар, 1986.

Небиднината како метафора, за Ацо Шопов е еден вид митски извор на создавање и на спознавање, исто како и во поезијата на Аргези, утроба на предпостоечкото чувство и на постоењето во себе, на целината и на делот, цитадела на Егзистенцијата, а во исто време, и на првобитното Јас. Јон Деаконеску, романски писател и критичар, 1987.

Ацо Шопов многу рано научи да чита во пепелта. Неговото поетско дело што покажа една нова насока по која требаше да се тргне, беше од почетокот до крајот проткаено со метафизички прашања и постојани естетски предизвици. Овој македонски поет никогаш не дозволи да го допрат догмите на аполутното во идеите. Неговото згуснато и вдахновено пишување и на епски теми е ослободено од спектакуларната херојска тежина. Лирскиот израз на Шопов достинува извонредни височини кога искажува нешта од минатото со зборови од сегашноста и кога зафаќа во сегашноста за да ја искаже со зборови од минатото. Ова е секако тешка игра што ретко кој може да ја игра. Аурора Марија Сааведра, Мексиканска преведувачка, 1988.

Ацо Шопов прилегаше на наш литературен аристократ, кој ja одбрал поезијата како посестрима во животот, и само нејзе ѝ ce доверувал, само со неа интимничел. Чистотата на поетската реч што ја создаваше, особено во вториот период од неговата творечка кариера, потсетуваше на сублимат што може да ce сретне единствено во најразвиените средноевропски литератури. Како да ги обедини во магично созвучје искуствата на класицизмот и романтизмот, па преку своите прилози ce провре низ синтези со кои нашата поезија прескокна цели стадиуми на развиток. Co тоа на македонскиот поетски јазик му разгрна крила за височински лет накај недостижностите на уметноста на зборот. Гане Тодоровски, македонски поет, 1993.

”Мртвите ќе умрат тогаш кога и нивната песна”, рече Ацо Шопов, поетот чиешто дело е непрестана вжарена потрага, од која не се откажал никогаш, дури ни во миговите на најстрашниот бол или на најдлабоката осама. Потполна и своја (…), неговата песна продолжува, трае, не е мртва, не умира. Како што не умира секоја вистинска поезија. Едуар Моник, поет од Маурициус, препејувач на Шопов на француски, 1994.

Поезијата на Ацо Шопов фасцинира со нејзината актуелност. Таа е пишувана пред неколку децении, а говори за она што се случува денес. Тоа е поезија против која времето не може ништо, зашто таа во себе носи нешто профетско. А нејзиниот автор останува наш современик. Со неа човек природно воспоставува еден хармоничен однос и во неа не може да се чувствува како туѓинец. Шопов е човек што го запознал светот и што го почувствувал здивот на местата што ги посетил. Тое е вистинска реткост. Познавам многу поети, во мојата земја, Египет, на пример, но и во Франција, што пишуваат многу убава поезија, но која не успева да ги надмине локалните рамки. Во случајот на Шопов станува збор за поезија со универзален карактер, и тоа е тоа што нè прави да се чувствуваме како нејзини соучесници. Бахгат Елнади, alias Mahmoud Hussein, египетски писател (Виолета Џолева: ”Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2002).

Тоа што поезијата на Шопов ја чувствуваме толку блиска, независно од тоа на која култура и’ припаѓаме, не доаѓа само оттаму што тој успева да ги почувствува другите народи, другите епохи и што, на некој начин, историјата на светот ја открива во сопствената животна историја. Тоа доаѓа најмногу оттаму што во неговата поезија постои една космичка резонанца. Како секој негов збор да е пропратен со некакво мистериозно ехо што доаѓа од многу далеку и што го соединува со самиот извор на животот, онаму кајшто животот и смртта, победата и поразот, денот и ноќта пулсираат во еден заеднички, универзален ритам, од кој сè во нас затреперува. Тоа е тоа што прави, кога ја читаме поезијата на Шопов, во неа да се чувствуваме сосема свои. Адел Рифаатalias Mahmoud Husseinегипетски писател (Виолета Џолева: ”Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2002).

Она што осебено ме привлекува во поезијата на Ацо Шопов, и што ме вознемирува, тоа е неговото покорно, непрестано и многу луцидно ослушнување на она што тој го нарекува “крв”. Таа крв за мене не е крв на одмаздата, на граѓанските војни, на конфликтите. Тоа е шекспировска крв. Тоа е крвта на зборот, на оној непрестан жубор на човечкиот простор. Со епска храброст и скромност, поетот-градител со свои раце, камен врз камен, создава простор не на одговори, туку на прашања, на анализи, на поетски претпоставки. Неговата поезија е истовремено модерна и, како во древноста, епски величенствена. Ив Бержере, француски поет (Виолета Џолева: ”Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2002).

Објавувајќи избор од поезијата на македонскиот поет Ацо Шопов, издавачката куќа Actes Sud го раскрчи патот кон еден свет што нам во Франција ни беше непознат. Факт е дека францускиот политички пејсаж многу се разликува од македонскиот или балканскиот, и дека поради тоа и поетските преокупации се различни. Во Франција постои тенденција кон минимализмот. Објавувајќи поезија со длабочината и мистеризноста што го одликуваат творештвото на Шопов, можеме да се надеваме дека таа ќе повлијае врз француските поети отварајќи пред нив нови простори. Одличниот прием на неговата Лична Антологија во Франција, се должи колку на универзалната нота во неговата поезија, толку и на неговата посебност на современ македонски поет. Сабин Весписер, француски издавач (Виолета Џолева: ”Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2002).

Сосем случајно, пред неколку дена, разбрав дека “Во тишината” е една од најпознатите песни на Ацо Шопов, која многумина ја знаат напамет. Мене уштепред неколку години, при првото читање на неговата поезија во Anthologie personnelle (1994), ме фрапираа тие густи стихови кои на некој начин го резимираат неговото дело. Тишината е исполнета со религиозност, со мистериозност, без кои нема голема поезија. Клодин Елфт, француска поетеса (Виолета Џолева: ”Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2002).

Името на Ацо Шопов беше првото што од Македонија дојде во Загреб. Ние двајцата се запознавме во 1957 година, на Плитвичките езера. Таму се роди нашето пријателство, таму се роди и идејата да креираме фестивал на поезијата што би одел од Белград до Охрид. Јас потоа дојдов во Скопје, за да се договориме околу реализацијата на тој фестивал. Ацо ми ги отвори очите кон Македонија. Тој беше многу едноставен човек како што и неговата поезија е едноставна… а сепак не е едноставна. Феноменален пријател којшто не може да умре, за мене. Јас и денес одам по Скопје и го барам. И тешко ми е, затоа што не можам да го најдам. А сепак, тој е тука. Во тоа е тајната на поетот. Она што Ацо го напиша, тоа остана. Тоа е Ацо. Ацо е со нас, во неговата прекрасна поезија. Славко Михалиќ, хрватски писател (Виолета Џолева: ”Овенчан со вечноста”, Македонска телевизија, 2002).

Поезијата − а особено поезијата на Ацо Шопов − нè извлекува од времето и просторот, за на мистериозен начин да нè укотви во траењето и во местата. Со сета своја јарост, не помалку интензивна од нежноста што под неа се крие, оваа поезија е збор на вистината упатен до најинтимното во нас. Колку со својот раскошен блескот, толку и во својот трепетлив ореол, таа е светлост што ни го покажува патот и ни нуди утеха во секојдневието. Федерико Мајор (Шпанија), Генерален Директор на УНЕСКО, 1994. (Јасмина Шопова: По-трагите на Ацо   Шопов.- Скопје: Сигмапрес, 2003)

Блискоста на стихот на Шопов со афоризмот и нему сличните облици ја аргументира тезата за значењето на лапидарниот лирски израз во неговата поетика и уште еднаш ја потврдува сплотеноста на филозофската длабочина со лирскиот сензибилитет на неговата поезија, која при секое ново читање или препрочитување ја докажува својата неоспорна естетска вредност и својата способност лесно да ги минува географските, културно-јазичните и временските граници. Соња Стојменска-Елзесер, македонска есеистка (Животот и делото на Ацо Шопов, МАНУ, 2005)

Условно речено, Ацо Шопов прилегаше на наш литерат-аристоктрат, што ја одбрал поезијата како посестрима во животот и само нејзе ‘и се доверувал, само со неа интимничел. Чистотата на поетската реч што ја создаваше, особено во вториот перод од неговата творечка кариера, потсетуваше на сублимат што може да се сретне единствено во најразвиените средниевропски литератури. Како да ги обедини во магично созвучје искуствата на класицизмот и романтизмот и преку своите прилози се вовре низ синтези со кои нашата поезија прескокнува цели стадиуми на развиток. Со тоа на македонскиот поетски јазик овој наш прекрасен автор му ги раздрна крилјата за височински лет накај недостижностите на уметноста на зборот. Гане Тодоровски, македонски писател (Животот и делото на Ацо Шопов, МАНУ, 2005)

Поезијата на Ацо Шопов плени и фасцинира не само поради големиот талент и мајсторство на нејзиниот автор, туку и благодарение на нејзините возвишеност и идеализам. Роман Кисјов, бугарски писател и сликар, препејувач на Ацо Шопов, 2013.