Also available in: English French

Програма на „Денот поезија“ посветен на Шопов во УНЕСКО

Јубилејот сто години од раѓањето на Ацо Шопов беше  чествуван во соработка со УНЕСКО, на 21 март 2023 година, во седиштето на Меѓународната организација во Париз, Сала II.

Прв слајд од презентацијата на Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, УНЕСКО, 21.3.2023
Прв слајд од презентацијата на Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, УНЕСКО, 21.3.2023

Програма

09:35  Свечено отворање на Денот поезија. Поздравна реч на Одре Азуле, Генерална директорка на УНЕСКО и на Стево Пендаровски, претседател на РС Македонија

09:50  Проекција на анимираниот филм „Грозомор“ според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 год. Флипбук Продукција, 2023, Скопје

10:00 Отворање на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја”, Јасмина Шопова, Фондација Ацо Шопов – Поезија

10:10  Прва сесија : „Што ќе ни се поетите?”
Модератор Катица Ќулавкова (МАНУ)
Влада Урошевиќ (Македонија)
Сибелан Форестер (САД)
Силвестр Клансие (Франција)
Сибила Петлевски (Хрватска)
Хозе-Мариа Паз-Гаго (Шпанија)
Давид Шук (САД)

11:30  Најава на лауреатот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата и на наградата „Мостовите на Струга“, Тодорче Тасевски, директор на фестивалот

11:40  Втора сесија: „Препевот како друг начин на поетско постоење“
Модератор Фроса Пејоска-Бушро (ИНАЛКО, Париз) – 5 мин.
Дионисио Моралес (Мексико)
Дауда Ндиај (Сенегал)
Кристина Е. Крамер (Канада/САД)
Роли Грау (САД/Словенија)
Маќеј Кавка (Полска)

13:00  Пауза

15:30 Трета сесија: „Поезијата на дофат на сите?“
Модератор, Јасмина Шопова (Фондација Ацо Шопов – Поезија)
Џамила Межри (Тунис)
Вил Еванс (САД)
Ролан Кајзер (Луксембург)
Ив Бержере (Франција)
Миа Леконт (Италија)
Жан Портант (Луксембург)

16:50 Заклучна реч на Акад. Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите

16:55  Обраќање на Бисера Костадиновска–Стојчевска, министер за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ


17:00 Обиколка на изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов (пред Сала II)

17:30  „Долго доаѓање на огнот”, повеќејазичен мултимедијален поетски перформанс, во изведба на актерите Жан Петреман и  Никола Ристановски, Дуото СолиПс и уметницата Дијана Томиќ Радевска, според идеја и сценарио на Јасмина Шопова. Во перформансот специјално учество зеде и аргентинската поетесата Луиса Футорански, а од редовите на публиката учествуваа и Арјан Бејли, Катица Ќулавкова, Роли Грау, Маќеј Кавка, Миа Леконт, Џамила Межри, Дауда Ндиај и Мариа Вендола.


Информации за сесиите на симпозиумот и учесниците се достапни во тријазичната брошура на настанот како и на страницата посветена на меѓународниот симпозиум.