Изложба „Патот по кој чекорам“

„Патот по кој чекорам“ е изложба која се состои од шест банери на кои хронолошки се проследува творечкиот пат на Ацо Шопов, преку фотографии, репродукции на уметнични дела, исечоци од весници, цитати од него и за него, на македонски, англиски и француски јазик. Автори на изложбата се Дијана Томиќ Радевска (дизајн) и Јасмина Шопова (содржини).

Изложбата беше за првпат претставена на 21 март 2023 година, Светски ден на поезијата, во склоп на одебележувањето на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов во УНЕСКО.