Оваа година фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол повторно jа отвораат својата поетска сцена и им даваат збор на сите генерации македонски поети од основоположниците, преку современите поети, па сè до оние кои допрва почнуваат да ја градат утрешнината на македонската поезија.
Иницијално, беше предвидено манифестацијата да се одржи од 20 до 23 март, но трагедијата во Кочани која длабоко ја потресе и вознемири целата земја ги наведе организаторите да ги одложат Деновите на поезијата за крајот на мај.
„Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за блиското и далечно минато, за блиската или уште подалечна иднина“, рече одамна духовниот татко на манифестацијата, Ацо Шопов.
Тој меѓупростор на убавиот поетски збор кој го поврзува минатото со иднината го споделуваме годинава во Скопје Сити Мол од понеделник 19 до среда 21 мај.
- Програма на Деновите
- Најава
- Медиумско соопштение за почетокот на Деновите -2025
- Државен рецитаториски натпревар
- Медиумско соопштение за свеченото отворање
- Сенгор - Шопов: Паралели со допирни точки
- Моменти од отворањето
- Од А до Ш, буква по буква до песна!
- Ut musica poesis: Млада поетска ситимолска сцена
- Од Абецедарот во Атина до електронскиот фонт во Скопје
- Во дослух со Шопов: современи македонски поети
- Македонско-грчки поетски координати
- ДИПТИХ
- Скопје СИ ТИ