Државен рецитаторски натпревар - 2025
Државниот рецитаториски натпревар на ученици од основното и средното образование од целата земја, кој се одржа во сабота 17 мај 2025, со почеток во 9:30, го одбележа почетокот на второто издание на Деновите на поезијата, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол.
Иницијално, Деновите на поезијата беа превидени во март, но поради трагедијата во Кочани, која длабоко ја потресе и вознемири целата земја, организаторите ја одложија манифестацијата за два месеца – од 19 до 21 мај. Од тие причини, Државниот рецитаторски натпревар, во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, се одржа прелиминарно во сабота, во киното Синеплекс, во Скопје Сити Мол.
Минатата година, кога за првпат се одви во рамките на Деновите на поезијата, натпреварот постигна историски рекорд со учество на повеќе од 120 учесници од целата земја.
Во 2025 година, настанот доживеа исто толку голем успех!