Ацо Шопов: Kниги преведени на други јазици
Слеј се со тишината (1955) од Ацо Шопов е прва книга од македонски автор преведена на словенечки, под наслов Zlij se s tišino, објавена во 1957 (рецензија на Јанез Менарт, Ljudska pravica, Љубљана, 7.12.1957). Прва книга од македонски автор преведена на еден голем светски јазик е повторно книга на Шопов: тоа е изборот од неговата поезија под наслов Ветер приносить погожие дни (Ветрот носи убаво време), објавена во Москва, во 1964 година (рецензија на Милан Ѓурчинов, Вечер, 13.2.1965). Првата книга од македонски автор преведена на еден странски јазик вон словенската група, унгарскиот, е исто така од Шопов: Örök várakozó (Оној што вечно чека) објавена во Нови сад во 1964 година (рецензија на Паскал Гилевски, Нова Македонија, 7.3.1965).
Книги поезија од Ацо Шопов се препеани и на англиски, арапски, германски, летонски, полски, романски, руски, српски, унгарски, француски, хрватски и шпански. Ацо Шопов е застапен во голем број антологии и списанија меѓу кои и на арапски, биелоруски, грчки, италијански, кинески, малезиски, полски, словачки, турски, украински, холандски и чешкии.
Во текот на својот живот, Шопов објавил 10 книги на странски јазици. По неговата смрт, во 1982 година, нивниот број непрестано се наголемува.
Подетални податоци за нив ќе најдете во повеќејазичната библиографија на преведени книги. Податоците се по дефиниција на јазикот на кој е преведена книгата. За некои книги постојат информации на повеќе јазици.
Во Библиотеката на Лирскиот дом се наоѓаат исто така