Also available in: English French Serbian

БИБЛИОТЕКА

Автор на првата книга легално објавена на македонски јазик, во слободна и суверена Македонија, на крајот на Втората светска војна (Песни, 1944), Ацо Шопов е и првиот македонски писател што објавил збирка сатирична поезија под наслов Јус-универзум, во 1968 година.

Денес, критичарите се согласуваат дека неговите збирки Стихови за маката и радоста (1952) и, особено, Слеј се со тишината (1955), мошне контроверзни во времето на нивното објавување, означија радикална пресвртница во развојот на македонската литература, наметнувајќи го интимизмот во времето на соц-реализмот и дека неговата книга Небиднина од 1963 година ја воведе модерната во македонска поезија.

Шопов е, исто така, првиот македонски автор објавен на словенечки, во 1957 година; првиот што бил објавен на јазик надвор од словенската група, унгарскиот, во 1964 година; и првиот што излегол на широко распросранет јазик, рускиот, истата година.

На македонски јазик, Ацо Шопов има преведено дваесетина југословенски и светски класици (Змај, Корнеј, Крилов, Крлежа, Ростан, Сенгор, Тадијанивиќ, Шекспир…) а нему му ги доложиме и првите македонски преводи на класиците на детската литература, како што се Црвенкапа, Пепелашка, Мачор во чизми, Убавица и ѕвер, Палче и други.

За време на животот, Шопов има објавено дванаесет оригинални збирки, како и осум избори од неговата поезија на македонски и десет избори на други јазици. По смртта, бројот на последниве непрестано се зголемува. Истото важи и за изданијата кои му се посветени.

Во Библиотеката на Лирскиот дом на Ацо Шопов се наоѓаат информации за избор од неговите:

 

Книги во Библиотеката