Пијаница
(30.12.1937)
Има еден пијаница
по занает е бербер
Често по сокаци пее
„Секој треба слатка ракија да лее”.
Кога в меана ќе седне
до полноќ не си оди.
Сè што има потрошува
за дома грижа не води.
Кутри деца дома плачат
од мајка си леб сакаат.
А тој пијан доаѓа
и крај нив не проаѓа.
Жена му го куди
А тој пијан – не се буди
И пак сè по старо
но некогаш за навек ќе се изгуби.
Ацо Шопов
Препев од српскохрватски Блаже Китанов
Песната е објавена во текстот „Зачеток на Небиднината“ од Блаже Китанов
во Нова Македониjа, Лик, 15.12.1993, стр. 10.