Визуелни инспирации

Во оваа одаја на Лирскиот дом на Ацо Шопов се наоѓаат визуелни дела инспирирани од неговото творештво. Покрај македонските автори, како Кирил Ефремов, Петар Глигоровски, Зоран Јакимовски, Марина Лешкова, Татјана Миљовска, Илија Пенушлиски и Диме Шумка, тука се и илустрации на дела на Шопов од мексиканскиот сликар Родолфо Хортадо (1940-2005) и бугарскиот поет и сликар Роман Кисјов.