Also available in: English French

Услови за доделување на стипендијата „Ацо Шопов“

На конкурсот што го распишува Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии, имаат право да конкурираат студенти:

  • запишани на втор и трет циклус студии;
  • чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат;
  • чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов;
  • кои во текот на студиите постигнале најмалку 8/10 просечен успех.

Начин на пријавување

Кандидатите треба електронски да ги достават следниве документи:

  • Молба;
  • Кратко CV;
  • Опис на трудот (од 1200 до 1500 збора, за магистерски труд; и од 2500 до 3000 збора за докторски труд);
  • Препорака од менторот (до 600 збора);
  • Одлука на наставно-научниот совет за прифаќање на темата.

Документите треба да бидат испратени на: acosopov.fondacija@gmail.com

Пријавите треба да пристигнат најдоцна 40 работни дена по објавувањето на конкурсот.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.

Кандидатите се известени за решението на жири комисијата во рок од 30 дена по крајниот рок за пријавување и немаат право на жалба.

Одбиените кандидати имаат право да се пријават следните години, и тоа најмногу до трипати.

Видови и висина на стипендиите „Ацо Шопов“

Жири комисијата на стипендијата „Ацо Шопов“, составена од членови на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и еминентни универзитетски професори, доделува:

  • магистерска стипендија, во износ од 1500 евра
  • докторска стипендија, во износ од 3000 евра

Начин на исплата на стипендијата „Ацо Шопов“

Магистерската стипендија се исплаќа двократно, во текот на една година по доделувањето на стипендијата;

Докторската стипендија се исплаќа трикратно, во текот на две години по доделувањето на стипендијата.

Стипендистите потпишуваат договор со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ со кој детално се уредени правата и должностите на двете страни.