Also available in: French

ПРОГРАМА

Отворена капија на Лирската воденица, 2026

Agenda Moulin 2026

Петок, 26 јуни

18:00 - Капијата на Лирската воденица се отвора

18:00 - 18:30 Уметничко катче
Уметниците и „воденичарите“ ја пречекуваат публиката со пијалок за добредојде

18:30 - 19:00Уметничко катче
Длабоко време – Средба со Софи Аршамбо де Бон (скулптура), Полин Дерамон (фотографија) et Весна Вујичиќ-Лугаси (сликарство).

19:00 - 20:00Театар-дрварница
„Кога ноќта…“ – музичко патување околу светотДуото  СолиПс (Елена Стојческа – флејта, Ромен Петио – гитара) ја кани публиката на средба помеѓу музиката и поезијата, преку универзумот на Клод Дебиси и неговите влијанија во Европа, Јапонија и Јужна Америка.


 

Сабота 27 јуни

18:00 - Капијата на Лирската воденица се отвора

18:00 -18:30Уметничко катче
Уметниците и „воденичарите“ ја пречекуваат публиката со пијалок за добредојде

18:30 - 19:00Уметничко катче
Зборови и слики, одгласи на една заедничка тишина – Двојазично поетско читање на поезијата на Ана Кјара Педуци, во срцето на уметничките фотографии на Полин Дерамон.

19:00 - 19:30Театар-дрварница
„Клавијатурни мечтаења“ – Пијано-рецитал на Мајкл Спиров, канадски композитор и музичар.

19:30 - 20:00Театар-дрварница
Сенгор – Шопов: Паралели со допирни точки – Поетски перформанс по сценарио на Јасмина Шопова, во чест на двајцата големи поети на дваесеттиот век, во изведба на Амаду Гај и Виржини Анри Жагер.

20:00 - 21:00Веранда
Шведска маса: време и простор за средби со уметниците на Лирската воденица.

21:00 - 21:30Летниковец
Куќата надвор“ – Поетско- музички визуелен перформанс, по сценарио на италијанската поетеса и фотографка Миа Леконт, со учество на француската поетеса и пијанистка Лор Камбо. Куќата се покажува како место низ кое се минува, со подвижни ѕидови и  променливи идентитети.

21:30 - 22:00Летниковец
Времеплов, концерт за две флејти во изведба на Елена Стојческа  et Богдана Бушевска. Проследени со  визуелни проекции, нивните изведби поврзуваат различни музички епохи.

Недела 28 јуни

10:30 - Капијата на Лирската воденица се отвора

11:00 - 13:00Летниковец
Писма од мојата Лирска воденица – програма за деца низ светот на книжевноста:

  • 11:00-11:40 :
    Традиционални детски песни за воденици – гласаме, пееме, танцуваме, со Нина Валисер, матурантка;
  • 11:40-12:20 : „Тајната на мајстор Корниј“ – слушаме и размислуваме со Никол Ик, театарска глумица;
  • 12:20-13:00 : Китови во Лондон и други приказни во стихови – читаме, пишуваме, цртаме, со Миа Леконт, поетеса.

На децата им се нудат закуски помеѓу трите сесии.

13h15 - Затворање на капијата на Лирската воденица.


 

16 route de la forêt
58190 Metz-le-Comte