Also available in: English French

Ацо Шопов, „Душа на Лирската воденица“

Moulin Lyrique_Aco Šopov

Ликот на Ацо Шопов, во чиј Лирски дом се наоѓате, инспирираше две културни манифестации, по одбележувањето на 100 години од неговото раѓање, во УНЕСКО, во 2023 година.

Во Скопје, од 2024 година наваму, во негова чест еднаш годишно се одржуваат Деновите на поезијата, во Скопје Сити Мол, во организација на фондацијата Ацо Шопов - Поезија.

Во Франција, од 2025 година, се одржува културната манифестација Отворена капија на Лирската воденица (по аналогија на Лирскиот дом на Ацо Шопов), која еднаш годишно организира средба меѓу културното наследство и современото творештво, на која учествуваат петнаесетина поети, музичари ликовни уметници и глумци, од Франција и од странство.

Во Лирската воденица редовно му се оддава почит на Шопов. Во рамките на првото издание, француската глумица Никол Ик (Nicole Huc) чита негови стихови, меѓу чии редови флејтистката Гаел Лекок (Gaëlle Lecoq) го внесува звукот на македонскиот кавал, во поетско‑музичката изведба „Лирата и кавалот“.

Во рамките на второто издание, се изведува француската верзија на поетскиот перформанс „Сенгор – Шопов: Паралели со допирни точки“.