Also available in: French

Ацо Шопов, македонски поет низ кој дише светот

Apulée #8, Les Grandes Espérances, 2023,
pp. 129-139

Блок посветен на Шопов во француското годишно литературно списание Апулеј, 2023

По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, француското годишно литературно списание Апулеј, му посвети на македонскиот поет блок од 10 страници во бројот 8, во 2023 година.

Под наслов „Ацо Шопов: Поет низ кој дише светот“, блокот содржи опширен портрет на поетот од Јасмина Шопова и осврт кон симболиката на крвта од францускиот писател Ив Бержере, придружени со песните „Има долу една крв“, „Небиднина“ и „Тажачка од онаа страна на животот“, како и со еден од неговите ретки прозни текстови „Во пет и седумнаесет“, посветен на скопскиот земјотрес од 1963 година.

Осмиот број на Апулеј им посветува 450 страници на „Големите надежи“ и содржи поезија и проза од околу 90 писатели од европскиот и медитеранскиот свет, меѓу кои неколку писатели од југоисточна Европа, како Василис Василикос и Георги Господинов. Покрај Ацо Шопов, во посебни блокови се претставени  само францускиот поет Анде Бретон и алжирските писатели Мохамед Диб и Хавад.

Осмиот број на Апулеј беше промовиран на 22 мај 2023 година, во просториите на издавачката куќа „Зулма“ од Париз. Повеќе податоци за промоцијата.