1993 Sopov vo svetot_BR

Posted by | 20 марта, 2015 | | No Comments

This post is also available in: Македонский Французский Испанский Немецкий Английский Сербский Словенский Хорватский Боснийский Албанский Болгарский латышский Польский Чешский Венгерский Итальянский

Во 1993 год., по повод одбележувањето на седумдесетгодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, Македонска Книга, издавачката куќа во која Ацо Шопов го има поминато најголемиот дел од својот работен век, се одлучува да објави тритомно издание на неговото творештво и сведоштва од неговиот приватен живот. Од печат излегуваат само првите два тома: Поезија, подготвен од страна на Ката Ќулавкова, и Шопов во сетот, Шопов од светот, подготвен од страна на Милош Линдро. Вториот том содржи исцрпен избор од препевите на поезијата на Ацо Шопов на различни јазици.

Шопов во светот, Шопов од светот. Избор и предговор Милош Линдро. Скопје: Македонска книга, 1993 (Избор, кн. 2).

Leave a Reply